Wednesday, August 11, 2010 | By: Писарко

Виновни се бајките за сé.
Првиот контакт со зборот засекогаш токму таму го сретнуваме и тоа на самиот крај од приказната. По сите перипетии, и досадни читања сепак на крајот слушнавме-И засекогаш си живееа така среќно до крајот на животот...
Ја изобличува перцепцијата за тоа што е среќа, што е засекогаш а што реланост. Виновни се викам јас. Да не беа тие можеби ни ние не би ставале сé во временска рамка. Не би ги сместувале животните радости во делови минато, сегашно, идно. Сигурно не би почнале со си беше еднаш во мојот живот... Нема смисла. Но, сепак некаде во нас тоа седи така, длабоко заковано, етикетирано со натпис-Не отварај, зошто си “беше еднаш“.
Незнам дали Ајнштајн кажал дека никогаш е само отсуство на секогаш или засекогаш, но знам дека кажал дека сé е релативно. И во право бил. Не дека сум му доследна да му ги потврдувам тезите туку дефинитивно сé е релативно. Толку е релативно што и самата релативност стана релативна. Со текот на годините го сфатив токму тоа. Засекогаш на секој му трае различно. Толку е релативен тој збор што одеднаш стана мерка за одреден временски период.
Еден вид на мерка што во одреден период изгледа доволно долго и големо да мислиш дека нема да прекине никогаш. Па така се фино ќе си пресметаш дека засекогаш ќе заврши за толку и толку време. Фина е таа мерка ако ти ја читале соодветната приказна за тоа.
Некаде во точката во која се сечат бајките за жабите кои се претвараат во принцови, 7те фраери кои ја чувале шмизлата што сé започна само поради нејзиното огледалце и онаа за трите шницли и нивните архитектонски утки, е таму во таа точка е она што е заедничко за сите. А тоа е дека сите тие направија чуда, дека го надминаа лошото, се бореа со лошите зборови на писателите и на крајот засекогаш останаа запишани во времето како херои на сечија младост. Таа единствена релана точка е она мало, вистинско нешто што ја носи целата порака. Токму тука е таа вистинска смисла на сé она што изгледаше како играа за добра ноќ. Мене повеќе ми личи на будење зад прости зборови и примери.

И вистина е некои нешта се засекогаш ако им дадеш смисла да живеат во времето... Да живеат без својот почеток, без својот крај. Животот е бајка која се раскажува само на еден начин. А тој е толку едноставен ако само го почнеш со зборовите:“Си остана засекогаш еден човек... ”

0 comments:

Post a Comment