Thursday, December 16, 2010 | By: Писарко


Тело и срце за 0денари, за памет се доплаќа. Во цената е вклучено и ДДВ односно данок на ДОПЛАТЕНА вредност. Тоа во превод значи дека (не)свесно сте доплатиле за изземена вредност која не е вклучена во пакетот.
Е сега имаме процес продавање и процес купување. Многу битни процеси. По која цена ќе продадете нешто и по која ќе ви го купат. Колку ќе ве чини неговата продажба односно продажбата на своите вредности, и колку ќе ве чини да си ги вратите некогаш пак.

Помалку или повеќе духовната проституција стана дел од модата на денешното живеење. Научивме да се соблекуваме за нешта кои никогаш и не сме ги посакале доволно, само за да бидеме соголени како толпата. Оние храбрите кои се спротиствауваат на овој тренд се оние кои се исти како и другите херои од нивниот чопор. Разликата помеѓу едните и другите е во фактот што едните се  координирани со сами себе а другите се далеку од било каква дефиниција за она што го прават. Разликата е во вредностите. Демек вредностите биле релативни. Како може едно убиство “од онака” да биде релативно. Во конкретен случај релативноста исчезнува, нема ништо релативно.
 Се знае многу добро што е направено и како ќе биде оценето. Знаeме сите што е добро што е лошо, што е бело а што црно. Не може да биде релативна лагата, измамата, преварата. Релативноста за ваквите нешта ја измислиле луѓето за да им биде полесно пред себе(така била ситуацијата, периодот) или кога им ги прават за да им биде оправдување. Ќе варирало нешто зависно од ситуација...мислите од тоа како ви се сака или им се сакаа,сеедно.
Продажбава ми асоцира на една теорија. Game theory, беше измислена од еден математичар кој дојде до нејзиното сознание каде ако не на шанк. Не за џабе викам дека ако папокот е ценатар на светот тогаш шанкот е центар на животот. Приказната најпросто раскажана би била ваква. Седат неколку другари на шанк, кога одеднаш влегуваат неколку девојки меѓу кои и една јака плавуша. Се уклучуваат сензорите кај момците и почнуваат да се спремаат за лов. И знаете како иде приказната. Секој сака да го добие најдоброто што може, не ги трошат за џабе тие воспитни лекции на нас. Како и да е, сите ако тргнат по плавушата само еден ќе биде со неа или ниеден. Тогаш другите ќе останат со празни раце, зошто нема да можат да тргнат по другарките кога веќе ја искористиле приликата. Во превод ако сите тргнеме кон најдоброто тогаш некој сигурно губи. Момакот вика дека подобро е да имаме нешто одколку ништо. Да се здобиеме со нешто, не мора да е тоа најдoброто но да биде доволно. Има еден сплет тука а тоа е цената по која ќе се задоволиме со нешто и она како ние му се продаваме на светот? Дали таа цена ги задоволува нашите критериуми или таа граница е симната од ден во ден поради најразличните случувања кои ги носиме.

Во контекст на ова сакам да споменам и една емисија на која налетав случајно на тв. Една девојка зборува за неверството. Мртва озбилна кажува дека се помирила со фактот дека денес сите вараат и дека ќе биде варана или е веќе преварена, едноставно таа била помирена. Ја гледам чудно па си викам оваа дали е озбилна дека  е способна да лежи до некој знаејќи го тоа. Колку време се има таква моќ за затварање очи и парализирање на мозокот. Не долго...
 Или не е свесна што зборува или тоа е  единственото на кое налетува денес. Не е девојката далеку од вистината но, ако и она  е таква. Али не е, кажува дека едноставно тоа не било нејзин начин на  доживување на љубовта и врската како треба да изгледа. Воздишува и кажува дека има 3годишна врска. Аплауз за девојката ве молам, храбро ги носи маните на својот дечко како свои. Секоја чест за продажбата на својата верност за неговата превара. Неверство во континуитет или во секоја врска да внесува нови личности, тоа е зошто некој има проблем со принципите, осетот и претставата за тоа на кого и како се прават некои работи. Нечии недостатоци не се наше бреме за носење. Денес едноставно стана не нормално да си верен или да се извиниш кога ќе згреши или да побараш шанса. Вредностите се заменија со работи кои од секогаш биле оценети како ниски. Свеста не направила луѓе не нагонот. Нема ништо лошо во различните авантури, тие го носат искуството но тие и ја носат празнината. Ако цената да изгубите некого што сакате е по цена за некој минлив прериод секоја чест. Од се се учи но не и од луѓе кои сакаат да живеат така.
Ние луѓето сме кукавичка направа. На првото сонце го забораваме дождот и оние кои се под него. Може не се сеќаваме на луѓето со кои сме се сунчале, но добро го памтиме човекот кој бил со нас под чадорот.
Добрата работа е што секој има цена но на некои цената не им е во бројки. Кога ќе треба да купувате со лојалност или љубов тогаш ќе видите дали сте воопшто вредни да имате некој ваков човек во својот живот. Ако сте спремни да платите доволно за она што знаете дека сигурно ќе го добиете нема да погрешите. Ако еднаш ги имате тогаш знаете дека производителот доживотно гарантира за производот.

0 comments:

Post a Comment