Tuesday, December 28, 2010 | By: Писарко


Имам фобија од зборовите како овој. Последен, секогаш, засекогаш, никогаш. Не ги сакам од проста причина што ме потсеќаат на тоа дека на секој му траат различно. Па, што ми  значи на мене засекогаш ако временски е пресметано, или што ми значи заканата никогаш повеќе, или последен пат ако се врати по 5 минути. Ништо апсолутно ништо. Единствено нешто што оди во неповрат ти е времето. Оди и никогаш не можеш да го стигнеш. Вечна трка со него, но секогаш е чекор пред тебе. Има еден единствен момент кога сте на исто а тоа е на крајот од трката. Ни ти го бркаш ни тоа се обидува да ти бега. А и времево ти е кварна ствар. Од време на време ти се причинува дека му застанала батеријата, а во суштина ти го наплатува дупло. И време и не време се во едно.

Ние луѓето  имаме  фобија и од зборот минато. Или живееме во страв од него. Единствено постои страв од минатото ако не е минатото, туку  е сегашно и го планираш во иднина. Тоа е затворен круг. Не си напред ни си назад, уште помалку сега. Стегите и ланците од него се кинат на единствениот начин а тоа е да го погледнеш како завршено. Тешка работа но права. Истото е за годините кои поминуваат. Во суштина ден за ден може ни изгледаат исти, досадни. Но ако ги погледнеш истите тие денови како период ќе видиш дека многу работи се промениле, ти, луѓето окулу тебе. Може и ништо не се променило но се променил твојот поглед кон нив. Тоа  што некогаш било во твојата реалност не постои. Но, во суштина и што е разликата меѓу реалноста и сонот? И во сонот ги има истите нешта што ги има во реалноста, единствен показател што го прави сон, е змејот што ќе ти се појави или крилата кои ќе ти пораснат да леташ. Така е и со она што го гледаш. Се до моментот додека не ја смениш перцепцијата за да го видиш змејот во својата реалност не можеш да се промениш. А се променија многу работи оваа година, односно секоја година за себе. Освен фактот што на исто место можеш да ја дочекаш Новата Година со истиот состав од лани, со непроменети диско позиции, можеш да се видиш себе дали и ти стоиш на истото место. А и да стоиш не е страшно се додека си блиску до шанкот.
Вака погледнато се маткав со некои текстови за мисирки, мисири, кои од секогаш биле тоа и останаа така. Сеуште стојам на тоа дека забавата со нив продолжува.
Сфатив дека куќниот совет е залуден кога јас трчам секое сабајле на штикли зошто нема светло, Усеин вода може да ми носи. Сфатив дека и пишувањето за сентиш теми не ми оди лошо само ако пробам да ја тргнам барикадата пред себе. Сфатив дека нормално е да немам одговори на некои прашања зошто и Иво ги нема.

Искрено, да знаев лани дека вака ќе ги поминувам последните денови од годинава немаше да се радувам толку на дочекот. Да знаев дека повеќе молење ќе удрам пред ектс од црква, сигурно дека и некој од нив ќе викнев со мене на славење. Али  немаше шанси, зошто не сум  им ја пратила поканата преку досие. А и да им ја пратев они ќе заокружеа сите одговори се грешни така да исто ми се фаќа. Во овие потресни  денови сфатив дека ти не си ти кога си запишан на државен. Махери се да ти спакуваат пакетче со колоквиумски срања на денот на дочекот. Е сега налет да се нестори,  некои потегнале кабли кај Дедо Мраз ако не таму барем кај џуџињата па поклонот си доаѓа пред време. Знаете како вика нашиот народ, колку кабли толку музика. Само да не се сопне некој мене ми е.
А и да се сопне, а и да не се сопне мене не ме интересира. Ни јас свирам ниту пак Телеком ми е во план наскоро.

А баш и тоа си мислев оваа година, дали ти се исплати да инсталираш толку кабли за сите работи во животот. Па не дај Боже некогаш ќе им се расипат а сам свој мајстор тек тогаш тешко ќе бидеш. Ме интересираше чисто што од сите тие вложувања во врски кои не функционираат, оние кои не ти овозможуваат никаква комуникација ниту пак те водат кон нешто. Или е до операторот или е до корисникот кој не знае да користи, како и да е двете заедно не функционираат како што треба. А знаете има правило, она што функционира не се менува но она што не функционира не треба ни да постои.
А ако правиме некој таков извештај за годините што изминуваат има едно единстено вистинито нешто. А тоа е дека резулатите не се баш за пофалба ниту пак доволно добри за жалење. Единственото нешто што останува позади нас се нашите дела и нашите успеси и падови. Она што го правиме и она што им го правиме на другите. А кога се доаѓа до тој момент единствено тие говорат за нас.
Кога вашите резултати говорат самите за себе, немојте да ги прекинувате.

0 comments:

Post a Comment