Saturday, February 26, 2011 | By: Писарко



За среќа на мојата инспирација се најдов во друштво на 16 годишни девојчиња(не прашувајте како). И така, спремна за дружба и помладување на духот се решив да се вратам во средношколските денови  и провод во лоша копија на My sweet 16. За мое  разочарување единствениот тинејџер бев јас. Фалеше некој да ме потегне за уши и да ме испрати дома на спиење. Од кога добив невиден ушобол од нивните муабети и невиден очобол од нивното однесување и облекување сфатив дека морам да ги ставам во текст ликовите од овој калибар и фино да ги поздравам.


Кога ги спомнав средношколциве да ги спомнам и демек децата од основно. Кога ќе дојдеш на факултет вистинско задоволство  е да одиш да ги оправдаш помалите браќа, сестри. Па така, во придружба на една другарка отидовме во основно кај сестра и. За среќа ме предупреди како стојат работите меѓу новите генерации и дека на 12 години треба да додадам 3 од карти минимум. Прераскажувањето од тридневната екскурзија низ Македонија изледаше вака некако: Епа јас се смував со најдобриот другар на Марко, а Марко е тој бившиот мој. Епа Марко се смува со една моја другарка таа вечер. Мене  овој не ми се свиѓаше и му раскинав, и после се фатив со еден Стефан последната вечер. Се смувавме позади одморалиштето и он ми го откопча прслукот? Молам?!? Да не сте биле на 3месеци таму,зошто ова ми личи на подолга акција.


Од кога ги увезовме американските (ментални) стероиди мислиш дека е мала а  таа осмо одделение.
Во стилот на Серена и Блер, сексот и градот, режираме се што таму презентираат  како рак на модерното живеење. Идоли на нашето време се некои квази јунаци во садо-мазо стил, откачени креации кои немаат никаква врска со уметноста освен со мизеријата, за слава и привлекување внимание. Водечки модни идоли станаа некои полуродови и љубов во стилот на 17,5$ од Буковски.
Во серија каде најдобри другарки зад грб си ги легнуваат дечковците, ги вараат со најдобри другари и каде се смешаа од професор до камерман(напоменувам дека според годините сеуште мирисаат на млеко)уште понормално е дека тоа е нашата реалност. Ако може Серена можам и јас. И се тоа во името на доброто другарство и големата љубов. Благи нагони на повраќање добивам од ситуациите кои реално се снимаат во реприза. Под а)имаме ситуација каде сите знаат што се случува само што никој не отвара уста директно, под б) е кога сите знаат освен оној/онаа на кој му се прави тоа, и ситуација под в)кога сторителот мисли дека другите не знаат а уствари знаат. Ситуацијата под в ми е омилена, просто не можеш да претпоставиш човековата дрскост до каде може да оди. А оди далеку заедно под рака со човековата глупавост.
Ликот во серијата го препишува својот банана морал на тоа дека немала таткова љубов па мора се да легне што е машко. А јас што цел живот сакам куче во стан дали тоа значи дека треба да одам по комшии и да им ги земам кучињата? 
Како и да е, од психолошки аспект и држи вода муабетот, само што во психологијата за оние кои се свесни за своите скриптови а не ги надминуваат постои збор фолирант. Секогаш е полесно да обвиниш некој друг од сам себе. И што научија нашите девојки? Дека ако ти се скрши ноктот целиот живот ти е хаос, дека изгледаш полошо од вчера кога ти беше цел, дека дечкото на твојата другарка е и твој само што она не мора да знае за тоа. Секоја чест за модната ревија која ја промовираат. Да не звучам како предавник на својот  род и момциве не се за фрлање, само што се помалку интересни.

Слободно размислување, слободен избор, слободни одлуки и уште многу други слободни нешта, се повеќе од ограничени и повеќе од површни. Промовираат некоја сексуална револуција која започна минатиот век,а ова денес наликува на враќање  во првобитна заедница. Не е  ни полигамија туку анималија,некој нека пушти на Animal planet да се видиме.  
И така, наводно многу современи а во суштина многу назадни, живееме глумејќи улоги кои не ни доликуваат ниту пак функционираат во реалниот живот. Да беше Скопје Холивуд сите ќе бевме ѕвезди... You know I lie to you;)XOXO


Tuesday, February 1, 2011 | By: Писарко


Последниов период се повеќе се става акцент на тоа дека Facebook е зависност и ние сме зависни од него. Општа паника настана од самата помисла дека ќе се укине и ние нема да има што да правиме. Нема да знаеме како да му приjдеме на некој, нема да знаеме на што like да му ставиме за да покажеме дека сме заинтересирани. Нема да има што да правиме со слободното време, и ќе треба да останеме на 5 пријатели кои ни се уште пред времето на fb.
Не само тоа, ако го нема веќе никогаш и нема да направиме муабет со пола од тие луѓе кои наводно се дел од нашиот профил.
Последните истражувања покажале дека 70% од жените и 63% од мажите ги сурфаат своите потенцијални партнери и 69% од врските прекинале поради трета особа запозната токму преку тоа. Други податоци покажуваат дека 81% од анкетираните останале во контакт со поранешните партнери преку Facebook а 71% од нив водат истражување за поранешните и сегашни партнери на својот партнер или бивши.
Групите во стилот-fb е виновен за раскинувањата, без fb нема да запознеш никого, без него не знам што ќе се случело,бил виновен за ова бил виновен за она, ми се непребол. Непребол ми се од проста причина што не можам да сфатам кој кого за што обвинува. Уште потешко ми е да сфатам кои очекувања ги имаме кога се логираме. За да напишам нешто налик објаснување за нашите потреби  од чудово” треба да ги поделам на машки и женски делови. Да почнеме со групите:

Girls-be a ladies

Ние женските сами си го спуштивме критериумот за тоа како треба да не третираат и што бараме од машките. Сами сме виновни за третманот кој го добиваме и сами  сме виновни што зборот дроља се употребува за секоја која  е во сукња. Fb  е само показател кој го потврдува истото.

На пример некоја девојка има дечко, нејзиниот дечко стиска like  кај некоја друга девојка. Заспива со една рака на тастатура поради нејзините слики, на првава девојка секогаш виновна и е оваа вторава. Дрољата морала да се соблече. Tука се редат истражувања од типот како изгледа, што носи, со кој е.
Целосно посветена на другата отишла врската, но не поради другата туку поради тоа што  дечкото до неа не е дечко туку е нешто друго.
Интересно за нас девојките е што сакаме да си играме со оган ама не сакаме да се изгориме. Нешто во стил ем ти иска ем ти стиска. Ako не сакаш  твојот дечко да ја мери својата машкост по тоа колку девојки ќе има за пријатели или со колку ќе разговара едноставно ќе најдеш некој кој е далеку од таков тип на машкo и се ќе биде во ред.
Е сега за овие соблечениве претпоставувам дека ја мерат својата убавина по  стиснатите like на слика и со тоа што ќе им напишат нешто "жешко" под неа. Претпоставувам дека егото е полно, а животот празен.
Не значи ако немам слики во купачи дека на плажа одам во фармерки, тоа едноставно значи дека не сакам луѓето да ми се напикаат и во гаќи, зошто реално делам и повеќе од што треба со нив.

Boys-be a men

Проблемот на денешниве машки им се состои во три нешта:млад сум, не можам да се менувам, и не можам да сум со една. Fb им го реши проблемот. Толку лесно можат да си најдат мал милион девојки што имаат работа за цела младост. Ебате младоста. Мистерија ми е дали после таква навика да бидат превари некогаш успеваат да бидат лојални.
Почнавме сите да тагуваме за тоа како било порано, како машко и пристапувало  на некоја девојка, носталгија не фаќа за таквите флертови. И денес се случуваат, само што и девојкиве некако станаа кози. На пример дечко и доаѓа на некоја девојка во диско(кој по долги консултации со другарите и испиени повеќе чаши се одлучува на таков радикален чекор)и она полна гордост го одбива. Во стил дека не е заинтересирана доволно за муабетот за да другиот ден се изназборуваат на chat. Лошо е по нивната машкост и ни се враќа да станеме ние машки.
Во недостаток на машкост и улогата која треба да ја има во една врска, момциве денес некако се изгубени. Никој не знае кај тера. Уплашени дека премногу долго поминале на едно место почнуваат да бараат резерви и сигурни прилики во случај на раскин или во случај да почнат да се сомневаат во своите способности. А тешко е и другарите да ти зборуваат како си заљубен папучар. Тешко е и да речеш не, на девојка која дома ги заборавила панталоните.
Ако не можеш да дадеш сигурност тогаш подобро дади ја искрено својата несигурност, сигурно некоја ќе ја лајкне.
Малку е иронично да кажете дека fb е само fb на човек кој сте го запознале  од таму. Како би му докажале дека не го правите истото или нема да си најдете нов request?
 
For all friends

Корисен е сепак. Одржува не одржливи контакти и прави нови познанства кои не знам како завршуваат. Добар е за реклама, маркетинг и информации од секаков тип(со исклучок на оние најлошите за информирање за туѓи животи). Добар е за креативност, критика и собирање на мислење. Не кошта ништо а во исто време можеш да зборуваш со толку луѓе. Од нив те дели едно enter а насмевката на сите им е иста, две точки и заграда.
Нема убавина ако тие разговори се далеку од интересни и далеку од исти во живо. Најбедно е кога сфаќаш дека подобро е да се уклучите on line  зошто ве убива досада лице во лице.
А и  стариве полуделе. Почнаа да играат игри и да коментираат мајки и татковци на другарки и другари. Што имаат па они потреба не можам да сфатам? Дали сакаат да кажат дека сеуште се луди и откачени и следат трендови, или дека  им се може да се сликаат и привлечно да изгледаат не знам. Ама возрасни луѓе што се активни тоа најмалку ми е јасно. Има телефони, mail, договарајте таму бизниси и комуницирајте. До сега животот би требало да ве научи дека комуникација САМО на монитор не е здрава ниту пак дава плод. Али ајде, нивни избор.
Добар е за себепромовирање, една фото сесија за женски и една теретана сесија за машки бараноста рипа одма. Би било добро кога тоа што го гледаме е она што го добиваме.Уште подобро би било да немавме погрешно мислење за луѓето кои ги гледаме на home.

Наравоучениjе

Fb не ни е виновен за ништо. Технологијата само придонесе што повеќе
да се одалечиме од себе и нашите животи а со тоа да станеме неспособни да внесеме ниту  го поделиме со друг. Не направи да не знаеме што е тоа блискост и интимност и направи да го трошиме времето залудно, во неповрат. Никогаш не би осеќале потреба да ставаме слики со кој сме биле вчера ако нема луѓе што ги интересира тоа. Никогаш не би делеле од нашите емоции искажувајќи ја силата, среќата или тагата по статуси ако не осеќаме потреба да го поделиме тоа со некој. Никогаш и не би осеќале потреба  да покажеме кои сме и какви сме ако сме задоволни со тоа што го живееме.
Ако некој однос меѓу двајца луѓе се распадне никогаш не е од надвор секогаш е во нив. Нешто не било како што треба за да функционира. Стравот, не направи глумции кои се кријат зад својот профил.
Да направиме logout од fb и log in во нашиот живот ќе биде само средство за комуникација како и мобилниот. Исто како што не те интересира како изгледа човекот во моментот кога му се јавуваш.