Saturday, September 10, 2011 | By: Писарко


Чудни работи се случуваат во државата Македонија овие денови.
Она што не можеше да ни го даде политиката спортот успеа да го направи.
Имав чувство дека патриотизмот е заборавено нешто кај нас, имав чувство дека повеќето се срамиме да истакнеме знак на нашата национална припадност. Деновиве гледам многу Mакедонци во Македонија. Горди Mакедонци и верни поддржувачи на оваа земја. Ретко како никогаш, постои борбен и бодречки дух кај овој народ. Кошаркарите ни донесоа победи за кои со години сме биле потценувани и деградирани од страна на противниците. Ако некој не верува во мотивација и желба за успех треба да ги погледне овие играчи кои со срце играат за нашата држава.
После победата над јужниот сосед на нас не ни требаат преговори, издвоивме победа над земја која го негира нашето постоење. Браво за нашите дипломати во дрес!
После овие неочекувани успеси, на големо и широко се пишува за нас.
Повеќето соседи како по обичај се најдоа да хејтаат. Одеднаш Хрватска на ударни вести оди со директно јавување од Скопје само за да го пренесе наводниот кич. Ако е кич не го губете времето на него. Уживајте во вашиот. Уфирцаното новинарче слободно може да продолжи да се чуди за фонтаната. И ако уште е во недоумница од каде ни се парите од на мајка му ни се!
Наслови за очајната парада, нашите очајни славења, хејтање и критикување на се што овие денови им донесе радост на Mакедонците.
И да ни е кич наш си е, од каде ни се парите за него ич да не ви е гајле како што и ние за вашите внатрешни проблеми не употребуваме ни ред реченица бидејќи сме заглавени во сопствените. Али кој губи има право да се лути. Толку ме напнаа хрватските пренесувања за случувањата во Скопје, чисто имам да прашам па кој ги пушти тие текстови? Ниту еднаш отворено не биле нападнати од нас, ниту ние сме ги прашувале зошто не ги сакаат Србите и за нивниот никогаш повторно соживот, ниту за тоа зошто се караа со Словенците за границата. А они пишуваат ли пишуваат...ама слободно. Репрезентацијата им ги замолче устите...сега се дома.
Како ни беше одбележувањето такво ни беше. За едни лошо, за други добро, за трети непотребно за четврти најдобриот 8ми септемвти што го видела Македонија. Горе доле, се на се и беше добар. Прв ни е. Таков е секогаш... барем од нешто да се почне.
Иако сум критичар по природа и се трудам да ги гледам работите објективно нема да критикувам ништо што се случи вчера, од проста причина што моите забелешки се многу минимални во споредба со среќните лица на многу луѓе тој ден. Дали боите биле шарени и плоштадот бил кич тоа и не е битно кога ќе размислиш дека Македонците се разбудија од сонот кој  го го сонуваа 20години, за тоа кои сме и што сме. Не го направи тоа политиката ниту еден политичар тоа го направија кошаркарите со победите кои донесоа успех за македонската кошарка за прв пат во историјата. Македонија да биде на насловна страница на НБА.Без разлика што ќе се случува на понатамошните натпревари да не заборавиме на сетоа ова.
Мене искрено баш ме брига дали сум античка Македонка или со корен од словенските народи, знам дека сум Македонка на овдешната Македонија. Нека останат заглавени во објаснување на историјата луѓе кои сакаат да живеат во неа.
Јас гледам нова историја за нашиот спорт.
Напред Македонија!









2 comments:

Јована Тозија said...

Токму така. Дали е Аце убав, дали било тоа кич или не, и дали биле потрошени многу пари на тоа или не, имаме право да коментираме ние, а не комшиите. Наш плоштад е, наши пари се, наши фонтани и статуи се. И покрај тоа што не сум поддржувач на Скопје 2014, не можам а да не се извадам од такт кога Ојлевци Дојлевци од странство ми солат памет дали требало или не требало да го имаме Аце на плоштад е. Мој двор е и во него има да садам што ми душа сака. Ако ми е ќеиф и палми има да насадам, и покрај тоа што тие на оваа клима не успеваат. Мој двор е!

Писарко said...

Toa i mi bese poentata za nasite vnatresni raboti nie ke si pisuvame a ne da ne degradiraat komsiite.

Post a Comment