Blogroll
Елена Кочова. Powered by Blogger.
Архива
Followers
About Me
- Писарко
- Skopje, North Macedonia
Почитувани !
Од Виктор:
Од Виктор:
Јас сум Виктор Ацески од Прилеп, на возраст од 25 год. По професија доктор по општа медицина.
Во годината 2010/2011, кога најмногу требаше да се радувам на животот со сите негови убавини и предизвици, како на приватен, така и на професионален план, јас се разболев од редок тип на карцином: Dg Extragonadalen retroperitonealen teratocarcinom–yolck sak.
Борбата за највредното и најскапоценото нешто – здравјето ја започнав најмногу кога лекарите од Клиниката при медицинскиот факултет во Скопје се откажаа од мојот случај и ме упатија да барам помош во друг клинички центар.
Во најтешките моменти од мојот живот беа моите родители кои исто така се лекари. Во тешка клиничка слика бев прифатен од лекарите при Националниот Онколошки центар во Софија – Р. Бугарија, каде беа извршени 3 операции, 2 хемотерапии и дополнително цела година примам лек – капсули Sunitinib (Sutent), лек кој е новина во третманот на ваков вид заболување.
Мојата здравствена состојба постојано се подобрува меѓутоа, лекувањето треба да продолжи со континуирано примање на овој лек кој е исклучително скап, т.е. 5500 ЕУР. месечна терапија, а јас треба да примам најмалку уште една година. Досега ме финансираа моите родители во целост.
Се обраќам до Вас со цел доколку сте во можност да донирате средства како би можел непрекинато да го примам овој лек кој за мене е од животно значење.
Ја одбрав за професија најхуманата наука, сепак во овој момент барам помош ОД НАЈХУМАНИТЕ.
ВИКТОР АЦЕСКИ
Ја одбрав за професија најхуманата наука, сепак во овој момент барам помош ОД НАЈХУМАНИТЕ.
ВИКТОР АЦЕСКИ
Доколку се одлучите мојата т-ска е:
300027076506219 – Комерцијална Банка АД Скопје
300027076506219 – Комерцијална Банка АД Скопје
Прилив од странство
Viktor Aceski, Borka Spirkoski 56 Prilep Macedonia
Acc.no:0230705288904
IBAN:MK07300307052889033
Komercijalna Banka AD Skopje
Kej Dimitar Vlahov, no 4, 1000, Skopje Macedonia
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2XPRB
Viktor Aceski, Borka Spirkoski 56 Prilep Macedonia
Acc.no:0230705288904
IBAN:MK07300307052889033
Komercijalna Banka AD Skopje
Kej Dimitar Vlahov, no 4, 1000, Skopje Macedonia
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2XPRB
БРОЈ НА КОЈ МОЖЕТЕ ДА ДОНИРАТЕ: T MOBILE/ 070-143-177
После се што е напишано горе јас само би ве замолила да бидете хумани и да донирате...Фала!
Крајот на светот е секој 2 ден но, дефинитивно крајот на
светот во Македонија е после избори. После 24 часовно тупење се е
готово...Многу ми е тешко поради тоа. Потешко не можеше да ми биде.
Уживав во комедиите морам да признаам. Партиски
фанатици мобилизираат кутри нивари, да полнат редови пред очајни митинг
собиранки, со атмосфера како Нова Година само што нема ништо ново. Огномети,
полни автобуси, извици во стилот ууу и јееее зошто и друго не смее да се кажe ако не е дел од политичката програма.Тешки зборови во
стилот на реформи, слобода, смрт, револуција,интеграција и сите останати кои се
користат за да делува сложено. А не делуваат сложено а уште помалку и сериозно
зошто со тој речник и тие фаци тешко дека се за политичари. Али затоа совршени
се за овчари за да ги водат овците како нас. И добро, заврши се тоа...И СЕГА
ШО?
Демек ништо од ветувањата, промените, подобро
утре...ништо од тоа?
Епа ништо. Тоа е само дел од шоуто кое ви го пере
мозокот ако го пратите без концентрација и без резонирање. Хорор за мозочните
келии, убиец на добрите навики, силувач на животните замисли. Јавно убиство со
умисла. Од толку што не е вредно, а е совршено за хејтање и јадење она што оди
во веце, решив да се самоказнам ако продолжам да трошам зборови. Full stop.
И СЕГА ШО? Без политика, без вреѓање на овој или
оној, на ваквите или таквите, без напади без осуди...ќе треба да пишувам за
сонцето.
Некако ќе премолчам за палмите, кај гемиџиите, кај
дрво-човек, кај гушнатите, кај Гоце и Даме, кај Чето( грешка Ченто не беше
таму, извинете премногу ги има и се бунам кој кај беше) ама никако не можам да
премолчам за водоскокот во Вардар. Последната работа која сакам да ми се случи
е да ме испрска таа света вода. Убава замисла...фонтана во стилот на Барселона
со природна крекачка музика. Само не сакам тие капки да ми завршат во око.
Богами да те попрска Вардар во фаца и не е најпаметна работа. Палец горе за
замислата, глава под чадор на поминување. Што си е сигурно сигурно си е...иако и палмите не знам како се заглавени, знаете во
Скопје ништо не е сигурно после земјотресот. Морам да не пофалам сепак. Водно
никогаш до сега не било вака посетено. Се качуваме до крстот за рекордно
време од 6 минути, и за 20минути до средно ако не те фати црвено на Водњанска.
И тоа е за пофалба ако се земе во
предвид дека најголема активност за викнед на скопјани е пиење кафе во време од
3 саати. И секако без негативен коментар и
константно хејтање на се живо и напревено и жичарава не чинела. Па кај се
видело во гондола да не може колата да си ја ставиш? Кај го има тоа?!? Па
никаде, само кај нас! На тој размер од прошетани граѓани они мислеа ќе им
подвалат жичара која кочи по 35 секунди? Епа нема, се откракавме и ние од кога
имаме google.
А разликата меѓу
хејтерот и критичарот е што хејтерот константно хејта а критичарот константно
критикува( превод нема зошто не треба ни да го има). А нашиов народ е
константен хејтер зошто не знае да критикува a уште помалку да ја користи.
Затоа hater for life!
И СЕГА ШО,такви сме си. Секоја чест на исклучоците
кои се ретки како добар охриѓанец. Три пати ура за нив!
И сега стварно ШО? Не ми се хејта зошто има
премногу работи за хејтање кои се страшно досадни и не се променуваат со
години, да критикувам па тоа уште помалце кога сум вака летно опуштена.
И сега нема шо зошто се би било нелогично после "логичните" правила во ова општество. Исто како што пензионерите ги напаѓаат
автобусите (во вторник и петок а невработените и студентите немаат ни гратис
саат) така и јас го напаѓам ова перење мозок. И во протест на тоа идам на одмор!
Го пишав текстов као шо нашите големи мислители
зборат кај стигнат, и за некое чудно морам да им признаам боље им иде од мене!
И сега шо ако им иде, баш ме брига искрено...Го
кажав она што сакав и сега мирно можам да заминам.
Останете така до следниот крај на светот само се
надевам нема да биде наскоро, многу ќе ни се фати.
Нештата во Македонија толку тешко се менуваат што
берзата стагнира со години, на телевизиите сеуште одат истите реклами со мал
прекин поради филм, фаци се сеуште ликовите како Џаро, и секако најголем настан
е што ако не ИЗБОРИТЕ. Толку е актуелно што 3 години пред нив упорно се алудира
дека ќе дојде денотот а кога ќе помине исто како и да не бил се до денот на
новите избори.
Наводно нешто се избира. По, дефиниција тоа би
значело дека нешто избирате за да промените, а тоа кај нас значи од две зла го
бирате подоброто. За да биде иронијата поголема баш се две. Ако подразмислам
подобро боите и не ни се јака страна. Ние се обоивме одамна и поради тоа не
може да го видиме виножитото.
Се купуваат дури и пејачи како да сте на Партиски
идол, само што сите едногласно пеат една иста песна и нема гласање од публиката
зошто очигледно сите се за вас. А знаете каков канаринец ќе платите така ќе ви
пее, само не е до музиката туку до имиџот. Тоа и не толку страшно ако се земе во
предвид дека кој пее зло не мисли. Кога ќе дојде време за избори е време за
промени и тоа нагли ко Јапонија. За два дена да не знаете што ве снашло. Се
будиш, гледаш ти ја раскопале улицата, се будиш и гледаш дека има фонтана, се
будиш и сфаќаш дека ја нема улицата и ни ф од фонтаната зошто очигледно некој
изгубил. Се разочаруваш за момент ама се надеваш на следните ако не добиеш нови барем да ги вратат истите. За
време на овие прекрасни денови сите се во трка за тоа кој што повеќе ќе
направи, па заземаат различни места од градот и крајниот резултат е тоа што е.
Збунета сум дали Гоце и Даме јавале под палми или Гемиџиите биле на одмор во
Палма Де Мајорка?!? Како и да е убаво е да се види дека некој има различен вкус
од мојот па сликата одлично ја разбира.
Има и позитивна страна во изборите. Се будат политичарите и почнуваат
на креативен начин да ги трошат своите мисли. На пример како да го осмислат
спотот за кампањата, чив валкан веш да го извадат на виделина, кого да
нападнат, како да нападнат, како да намамат гласови(дали милум дали силум, и
тоа е за размислување секако) со што да замачкаат очи, со кого да се врзат во
случај да изгубат. Тоа е напорно, многу е напорно, кутри луѓе. Не им се погоди и времето за одење по селава, за копање заедно
со селаните, за слушањето на плачењето на бабите за сите оние работи кои реално
постојат во Македонијава за кои они наводно работат сите овие години. Пушташ
телевизија и го гледаш некој господин облечен во кежуал варијанта шета меѓу
народот наводно сака да покаже колку е тој
природен, разбран, културен, дружељубив. И тука паѓаат ветувањата од типот ќе
видите што ќе направам за вас нема да ве заборавам...Се гасат камерите доаѓа
блиндирана кола и филмот завршува тука. А вие сте селанец од мало село па му
верувате на паметот на овој човек. Мора да
е месија што од сите села дошол токму кај вас, и ајде заокружувате нешто со надеж дека ќе се
промени. И дај боже да се промени. Барем дел од ваквите села имаат водовод и
струја, не е секаде во светот 21 век тоа
треба да се запамти.
Уште пострашен е фактот на јавната тајна за
рекетот по телефон. Ви се јавува пријатен глас на телефон и ви кажува дека вие
и вашата фамилја треба да гласате за тие и тие зошто ќе ви се случи тоа и тоа.
Ја спуштате слушалката собирате роднините и одите во изборна единица. Просто и
едноставно. Животот ви тече нормално и понатаму, сите се среќни и задоволни се
до мигот додека не сфатите какво магаре прави некој од вас. Да ви зависи
работното место од вашиот глас. И пред избори и по избори чистките се прават,
тие работи едноставно така одат. Само што во мала држава тоа се чувствува многу
повеќе од друго место.
Ако нешто ме плаши повеќе од панаѓуров е
затруеноста на партиските војници. Желбата за вреѓање, напаѓање, шкртање по
улици, ме чуди нивниот исперен мозок и недопирањето до нивниот слух освен
гласот на лидерот. Идеологијата на која ги начиле ја цитираат и проповедаат без
обид да погледнат лево и десно од неа. Може и затоа не ме чуди што најмногубројни
посетители на спектакуларните митинг настани
им се магарињата евентуално тракторите.
И тогаш обичниот народ се засити од сите овие
нешта, го затруја преку весниците со
различни натписи, го оптеретија преку телевизија, радио, билборди, реклами летачки
нелетачки, доставени дома и како уште не.
И тогаш изборот се сведе на НЕгласање или на
поништување на ливче.
Нека е со помин!
Добрата работа оваа година е што Велигден се
погоди викенд пред 1-ви мај, и уште подобро што се погодија еден после друг.
Тоа е таман време за да заборавиме дека сме на факултет, на работа, и да ги
споиме празниците со летниот одмор. А како и да не заборавиме кога имаме
празници за сите суптилни нешта, како празник на кокичето, празник на дрвото,
дури понекогаш празник е и понеделник, како ден со кој почнува неделата.
Ако ги оставиме на страна верувањата и мислењата
за религијата има нешто што се случува последниве години и мене не ми е јасно.
Не знам дали е нешто или нешта, ама е очигледно и кулминира.
Велигден се претвори во панаѓур, исто како што
стана сите масовни собирања. Добија облик на разуздана дива орда и не знам дали
планира да се промени. Индијанците го заменија местото на луѓето за кои нештата
имаат некакво значење и знаат зошто се некаде.
Конкретно за Велигден, единствената разлика со
панаѓур е што не се врти “Лесковачки роштиљ” пред Соборна. Уште тоа ни остана како разлика. Вечерта
пред големиот христинјански празник наликува на се само не на вечер каде што
наводните верниците го прославуваат воскреснувањето. Одамна мирисот на запален
темјан е заменет со мирис на пиво, вино и одамна почитувањето кон обредите кои
се изведуваат се заменети со диско перфоманси. Булеварот пред црквата наликува
на голем подиум со широк спектар на шанк можности. Совршена можност да се
разбие градската монотонија, само на погрешно место во погрешно време. Мене не
ми е ни јасно зошто имаат фетиш да маваат со јајца. Може ми е јасно ако се види можноста да се биде на малите
екрани, во живо во ударно време-breaking news.
Луѓето кои веруваат а пред се ја почитуваат
својата религија, се откажаа од одењето пред Соборниот храм од оправдани
причини и им го препуштија панаѓурот на луѓето кои чекаат повод за да урлаат.
Традицијата и обичајот кој се пренесува за начинот како се празнуваат овие денови е изгубен во неколку саати и ја руши големата слика. Помалите цркви кои не се
извикани го држат сеуште тој дух и ќе биде така се додека дивата орда не се
пренасочи во тој правец. Не сум верски фанатик,
поборник сум за рушење на ропството од сопствените мисли но, има нешто што
страшно ме иритира во нашето општество а тоа е исмејувањето на се и секого. Тоа
ми е примерот со постењето, со протнувањето под маса за кое и таму се оди преку
ред ако врска ти е попот. Пример за тоа ми се новогодишните пијанства за
Велигден и исмејувањето на луѓето кои се молат во црква. Ако некој не разбира што е постење и зошто се пости или што значи одење во црква, подобро да остане на страна од тоа да прави нешто само поради тоа што сите го прават. Многу е едноставно веруваш или не веруваш, сакаш или не сакаш.
Никој на никого не може да му наметне да верува
или да не верува во нешто. На крајот, и црквата е политилизирана инстируција
која работела и работи на принцип на пари. Ако некој реши да се поклонува пред
крст, икона, џамија, буда и што не, тоа
е негова лична работа. Како ќе верува и што ке прави за да го покаже
своето верување и исто негова работа. Она што не разбирам е непочитувањето на
изборот и наметнување на некое општо конзерва сфаќање. Ние не сме апостоли да
шириме нова религија но сме нови кои шират лоша верба. Човекот мора да верува
во нешто, ако нема во што тогаш ќе го измисли. Духот го држи верувањето без
разлика што е тоа. Човек кој не верува во ништо едноставно внатре е промаја.
Среќни Велигденски празници им посакувам на сите
христијани!
шифра-Мимоза и Џокси
После успешното преживување на декемвриската
романтика редно беше да се свирка во пролет. После текстот со напад на
Сељаковац и теорија за п****патијата во нашето општество редно беше да напишам
нешто кое нема да биде erga omnes. Наводно нешто во помек
стил и во обид да останам озбилна.
Ова со свиркањето и пролетта излезе цела
симфонија. И мило ми е што е така, од проста причина што ниедна
рационална мисла не ме водела кон тоа и уште помило ми е што по не знам кој пат се докажа дека не
може да се контролираат случувањата во
нашиот живот...Проклет Марфи.
А сите патиме по истото. Да може да владееме со
ситуацијата, со луѓето, да го планираме текот на нештата во некои временски
рокови и настани. Но, понекогаш ако не скоро и секогаш, нешто се случува и се
тоа добива друга насока. И токму таа друга насока која ги дрма нашите добро
научени лекции за "како треба да биде" а никогаш како би сакалe да биде, е она што
прави да се чувствуваме живи. Ние може не
ги памтиме деновите но добро се сеќаваме на одредени моменти. Моменти кои не
купиле и луѓе кои направиле да не ги заборавиме. Нешто што го храни секој од
нас и дава енергија доволна и за цел живот понекогаш. Драгите настани ги чуваме спакувани во кутии и
ги држиме подалеку од главата, од страв дека може да ги изгубиме. А стравот е
најголемата човекова мана. Кога ќе размислам се се базира на него. Глумењето,
маските, лагите, опкружувањето со многу луѓе, лутањето од едно кон друго нешто
и на крајот празнината со која денес скоро сите легнуваат. Кариерата ни славата
не може да се гушнат навечер. Во ова вртоглаво време најтешко е да најдеш некој
кој ќе може да те види позади сите лица.
Да можеш да најдеш човек меѓу луѓе.
-I
see you што
би рекле на Аватар.
И кога ќе ве видат или уште подобро кога ќе се
видите, проклето посакувате да имате копче пауза и да остане така. Ама не
останува. Тие мора да се носат низ секојдневието да се менуваат, надградуваат,
или исчезнат. А кога ќе треба такво нешто да го сместите во нормалното
функционирање сфаќате дека луѓето не разбираат а вие уште помалку сакате да им
кажете. Се обидувате да најдете зборови ама останувате без нив при секој обид
да дадете дефиниција за нешто што не се ограничува. И кога сте нашле нешто што
сте барале, сте виделе нешто што сте сакале да видите тогаш по некое непишано
правило ве фаќа страв ама од сами себе. Страв ви е од причина што ни сами не се
знаете доволно за да може да ве запознае друг. Повеќе се плашите од своите
зборови од зборовите на другите, зошто не знаете дали ќе останете доследни на
нив. И кога веќе нештата се тука оставете ги да бидат. Без конторла и без
планирање. Кога веќе се случуваат сигурно имаат причина.
И што би рекла уште за крај. Би рекла дека
умешност е да го видиш човекот позади маската. Зошто реално никој не е толку
јак колку што изгледа. Денес кога сите се јаки јебо типови, happy single девојки со луди проводи во стилот на песната "Мешај
мала" и што ти знам таму, другарства кои траат до мигот додека не станеш од
масата, време е да се измерат нештата до каде водат. Односно кој што бара и по
која цена. Која е цената која ја става на своето време и што е она што го
исполнува внатре. За надвор ги има многу...
На овој град му фали креативност и му фали
откривање, ама не на газиња тоа се изнагледавме. Страшно е досадно во диско да
ти поминува некој напред назад во стил како да очекува дека ќе го прашаш каде
оди, а во женска верзија е уште полоша
ситуацијата, те гази со штикла и како
капак на се да глуми
ладна или евентуално да те фати промаја од трепкање. Може не е Скопје Холивуд ама за оскари сме супер.
П.С- Текстов не е за глумците(барем не до следна
прилика)
Мојот оскар го доделувам за други нешта.... (watch the bigger picture)
Subscribe to:
Posts (Atom)






