Blogroll
Елена Кочова. Powered by Blogger.
Архива
Followers
About Me
- Писарко
- Skopje, North Macedonia
За среќа на мојата инспирација се најдов во
друштво на 16 годишни девојчиња(не прашувајте како). И така, спремна за дружба
и помладување на духот се решив да се вратам во средношколските денови и провод во лоша копија на My sweet 16. За мое разочарување единствениот тинејџер бев јас.
Фалеше некој да ме потегне за уши и да ме испрати дома на спиење. Од кога добив
невиден ушобол од нивните муабети и невиден очобол од нивното однесување и
облекување сфатив дека морам да ги ставам во текст ликовите од овој калибар и
фино да ги поздравам.
Кога ги спомнав средношколциве да ги спомнам и демек децата од основно. Кога ќе дојдеш на факултет вистинско задоволство е да одиш да ги оправдаш помалите браќа, сестри. Па така, во придружба на една другарка отидовме во основно кај сестра и. За среќа ме предупреди како стојат работите меѓу новите генерации и дека на 12 години треба да додадам 3 од карти минимум. Прераскажувањето од тридневната екскурзија низ Македонија изледаше вака некако: Епа јас се смував со најдобриот другар на Марко, а Марко е тој бившиот мој. Епа Марко се смува со една моја другарка таа вечер. Мене овој не ми се свиѓаше и му раскинав, и после се фатив со еден Стефан последната вечер. Се смувавме позади одморалиштето и он ми го откопча прслукот? Молам?!? Да не сте биле на 3месеци таму,зошто ова ми личи на подолга акција.
Од кога ги увезовме американските (ментални) стероиди мислиш дека е мала а таа осмо одделение.
Во стилот на Серена и Блер, сексот и градот,
режираме се што таму презентираат како
рак на модерното живеење. Идоли на нашето време се некои квази јунаци во
садо-мазо стил, откачени креации кои немаат никаква врска со уметноста освен со
мизеријата, за слава и привлекување внимание. Водечки модни идоли станаа некои
полуродови и љубов во стилот на 17,5$ од Буковски.
Во серија каде најдобри другарки зад грб си ги
легнуваат дечковците, ги вараат со најдобри другари и каде се смешаа од
професор до камерман(напоменувам дека според годините сеуште мирисаат на млеко)уште
понормално е дека тоа е нашата реалност. Ако може Серена можам и јас. И се тоа
во името на доброто другарство и големата љубов. Благи нагони на повраќање
добивам од ситуациите кои реално се снимаат во реприза. Под а)имаме ситуација
каде сите знаат што се случува само што никој не отвара уста директно, под б) е
кога сите знаат освен оној/онаа на кој му се прави
тоа, и ситуација под в)кога сторителот мисли дека другите не знаат а уствари
знаат. Ситуацијата под в ми е омилена, просто не можеш да претпоставиш
човековата дрскост до каде може да оди. А оди далеку заедно под рака со
човековата глупавост.
Ликот во серијата го препишува својот банана морал
на тоа дека немала таткова љубов па мора се да легне што е машко. А јас што цел
живот сакам куче во стан дали тоа значи дека треба да одам по комшии и да им ги
земам кучињата?
Како и да е, од психолошки аспект и држи вода муабетот, само што во психологијата за оние кои се свесни за своите скриптови а не ги надминуваат постои збор фолирант. Секогаш е полесно да обвиниш некој друг од сам себе. И што научија нашите девојки? Дека ако ти се скрши ноктот целиот живот ти е хаос, дека изгледаш полошо од вчера кога ти беше цел, дека дечкото на твојата другарка е и твој само што она не мора да знае за тоа. Секоја чест за модната ревија која ја промовираат. Да не звучам како предавник на својот род и момциве не се за фрлање, само што се помалку интересни.
Како и да е, од психолошки аспект и држи вода муабетот, само што во психологијата за оние кои се свесни за своите скриптови а не ги надминуваат постои збор фолирант. Секогаш е полесно да обвиниш некој друг од сам себе. И што научија нашите девојки? Дека ако ти се скрши ноктот целиот живот ти е хаос, дека изгледаш полошо од вчера кога ти беше цел, дека дечкото на твојата другарка е и твој само што она не мора да знае за тоа. Секоја чест за модната ревија која ја промовираат. Да не звучам како предавник на својот род и момциве не се за фрлање, само што се помалку интересни.
Слободно размислување, слободен избор, слободни
одлуки и уште многу други слободни нешта, се повеќе од ограничени и повеќе од
површни. Промовираат некоја сексуална револуција која започна минатиот век,а
ова денес наликува на враќање во првобитна
заедница. Не е ни полигамија туку анималија,некој
нека пушти на Animal planet да се видиме.
И така, наводно многу современи а во суштина многу
назадни, живееме глумејќи улоги кои не ни доликуваат ниту пак функционираат во
реалниот живот. Да беше Скопје Холивуд сите ќе бевме ѕвезди... You know I lie to you;)XOXO
Последниов период се повеќе се става акцент на тоа
дека Facebook е зависност и ние сме зависни од
него. Општа паника настана од самата помисла дека ќе се укине и ние нема да има
што да правиме. Нема да знаеме како да му приjдеме на некој, нема да знаеме на
што like да му ставиме за да покажеме дека
сме заинтересирани. Нема да има што да правиме со “слободното време”, и ќе треба да останеме
на 5 пријатели кои ни се уште пред времето на fb.
Не само тоа, ако го нема веќе никогаш и нема да
направиме муабет со пола од тие луѓе кои наводно се дел од нашиот профил.
Последните истражувања покажале дека 70% од жените
и 63% од мажите ги сурфаат своите потенцијални партнери и 69% од врските
прекинале поради трета особа запозната токму преку тоа. Други податоци
покажуваат дека 81% од анкетираните останале во контакт со поранешните партнери
преку Facebook а 71% од нив водат истражување
за поранешните и сегашни партнери на својот партнер или бивши.
Групите во стилот-fb е
виновен за раскинувањата, без fb нема да запознеш никого,
без него не знам што ќе се случело,бил виновен за ова бил виновен за она, ми се
непребол. Непребол ми се од проста причина што не можам да сфатам кој кого за
што обвинува. Уште потешко ми е да сфатам кои очекувања ги имаме кога се
логираме. За да напишам нешто “налик” објаснување за нашите потреби од “чудово” треба да ги поделам на машки и женски делови. Да
почнеме со групите:
Girls-be a ladies
Ние женските сами си го спуштивме критериумот за
тоа како треба да не третираат и што бараме од машките. Сами сме виновни за
третманот кој го добиваме и сами сме виновни
што зборот дроља се употребува за секоја која
е во сукња. Fb е само показател кој го потврдува истото.
На пример некоја девојка има дечко, нејзиниот
дечко стиска like кај некоја друга девојка. Заспива со една рака
на тастатура поради нејзините слики, на првава девојка секогаш виновна и е оваа
вторава. Дрољата морала да се соблече. Tука се редат истражувања од
типот како изгледа, што носи, со кој е.
Целосно посветена на другата отишла врската, но не
поради другата туку поради тоа што дечкото
до неа не е дечко туку е нешто друго.
Интересно за нас девојките е што сакаме да си
играме со оган ама не сакаме да се изгориме. Нешто во стил ем ти иска ем ти
стиска. Ako не сакаш твојот дечко да ја мери својата машкост по
тоа колку девојки ќе има за пријатели или со колку ќе разговара едноставно ќе
најдеш некој кој е далеку од таков тип на машкo и
се ќе биде во ред.
Е сега за овие соблечениве претпоставувам дека ја
мерат својата убавина по стиснатите like на слика и со тоа што ќе
им напишат нешто "жешко" под неа. Претпоставувам дека егото е полно, а животот
празен.
Не значи ако немам слики во купачи дека на плажа
одам во фармерки, тоа едноставно значи дека не сакам луѓето да ми се напикаат и
во гаќи, зошто реално делам и повеќе од што треба со нив.
Boys-be a men
Проблемот на денешниве машки им се состои во три
нешта:млад сум, не можам да се менувам,
и не можам да сум со една. Fb им го реши проблемот.
Толку лесно можат да си најдат мал милион девојки што имаат работа за цела
младост. Ебате младоста. Мистерија ми е дали после таква навика да бидат
превари некогаш успеваат да бидат лојални.
Почнавме сите да тагуваме за тоа како било порано,
како машко и пристапувало на некоја
девојка, носталгија не фаќа за таквите флертови. И денес се случуваат, само што
и девојкиве некако станаа кози. На пример дечко и доаѓа на некоја девојка во
диско(кој по долги консултации со другарите и испиени повеќе чаши се одлучува
на таков радикален чекор)и она полна гордост го одбива. Во стил дека не е
заинтересирана доволно за муабетот за да другиот ден се изназборуваат на chat. Лошо е по нивната машкост и ни се враќа да станеме ние
машки.
Во недостаток на машкост и улогата која треба да
ја има во една врска, момциве денес некако се изгубени. Никој не знае кај тера.
Уплашени дека премногу долго поминале на едно место почнуваат да бараат резерви
и сигурни прилики во случај на раскин или во случај да почнат да се сомневаат
во своите способности. А тешко е и другарите да ти зборуваат како си заљубен
папучар. Тешко е и да речеш не, на девојка која дома ги заборавила панталоните.
Ако не можеш да дадеш сигурност тогаш подобро дади
ја искрено својата несигурност, сигурно некоја ќе ја лајкне.
Малку е иронично да кажете дека fb е само fb на човек кој сте го
запознале од таму. Како би му докажале дека
не го правите истото или нема да си најдете нов request?
For
all friends
Корисен е сепак. Одржува не одржливи контакти и
прави нови познанства кои не знам како завршуваат. Добар е за реклама, маркетинг
и информации од секаков тип(со исклучок на оние најлошите за информирање за
туѓи животи). Добар е за креативност, критика и собирање на мислење. Не кошта
ништо а во исто време можеш да зборуваш со толку луѓе. Од нив те дели едно enter а насмевката на сите им е иста, две точки и заграда.
Нема убавина ако тие разговори се далеку од
интересни и далеку од исти во живо. Најбедно е кога сфаќаш дека подобро е да се
уклучите on line зошто ве убива досада лице во лице.
А и стариве
полуделе. Почнаа да играат игри и да коментираат мајки и татковци на другарки и
другари. Што имаат па они потреба не можам да сфатам? Дали сакаат да кажат дека
сеуште се луди и откачени и следат трендови, или дека им се може да се сликаат и привлечно да
изгледаат не знам. Ама возрасни луѓе што се активни тоа најмалку ми е јасно.
Има телефони, mail, договарајте таму
бизниси и комуницирајте. До сега животот би требало да ве научи дека
комуникација САМО на монитор не е здрава ниту пак
дава плод.
Али ајде, нивни избор.
Добар е за “себепромовирање”, една фото сесија за женски и една теретана сесија за
машки бараноста рипа одма. Би било добро кога тоа што го гледаме е она што го
добиваме.Уште подобро би било да немавме погрешно мислење за луѓето кои ги
гледаме на home.
Наравоучениjе
Fb
не ни е
виновен за ништо. Технологијата само придонесе што повеќе
да се одалечиме од себе и нашите животи а со тоа
да станеме неспособни да внесеме ниту го поделиме со друг. Не направи да не знаеме
што е тоа блискост и интимност и направи да го трошиме времето залудно, во
неповрат. Никогаш не би осеќале потреба да ставаме слики со кој сме биле вчера
ако нема луѓе што ги интересира тоа. Никогаш не би делеле од нашите емоции
искажувајќи ја силата, среќата или тагата по статуси ако не осеќаме потреба да
го поделиме тоа со некој. Никогаш и не би осеќале
потреба да покажеме кои сме и какви сме
ако сме задоволни со тоа што го живееме.
Ако некој однос меѓу двајца луѓе се распадне
никогаш не е од надвор секогаш е во нив. Нешто не било како што треба за да
функционира. Стравот, не направи глумции кои се кријат зад својот профил.
Да направиме logout
од fb и log in во нашиот живот ќе биде
само средство за комуникација како и мобилниот. Исто како што не те интересира
како изгледа човекот во моментот кога му се јавуваш.
Во една од
неговите книги има напишано дел кој ми остави голем впечаток. Неколку силно склопени реченици во служба на голема вистина.
Во животот се среќаваме со луѓе што ќе не предадат.
Се среќаваме со такви луѓе и ситуации за да ја научиме лекцијата која треба да
ја научиме. Никогаш не добиваме повеќе од што може да поднесеме. Тоа што го
добиваш е токму тоа што ти треба, иако во моментот не можеш да го видиш. Ние сме
токму онаму каде што треба да бидеме.
Единствениот проблем е што колку повеќе и се
спротиставуваме на таа лекција толку повеќе ќе ни се враќа посилна и
поинтензивна болката.
Она што ќе го прифатиш на крајот ќе го надминеше.
Животот е благ баланс помеѓу тоа да се прави
работите да се случат и да се остават да се случат. Кога ќе го направиш
најдоброто што можеш откажи се од своите намери и остави судбината да го
направи своето. А што и да дојде прифати го, според грубата скица за твојот
живот што ја има ти го дава она што најмногу ти треба.
Нов изум на нашето општество е генијалниот прашак
за перење мозок. Со својата едноставна формула на користење ви овозможува да
заштедите време за сопствено размислување. Фантастично!
Налетувам на една емисија во живо од типот на
отворено студио, кое реално толку е затворено што не дај Боже да посакаш да влезеш.
Гостуваат некои наши политичари секако од двете страни и еден демек неутрален
водител. Водителот го поставува првото прашање и веднаш се почнува со тензија и
врева. Не се разбира никој што зборува, само се слушаат зборовите демократија,
транзиција, реформи, интеграција. За овие 20 години не разбрав што им значат, зошто
во книгите дефиницијата за нив е друга. Водителот со крајни маки ги смирува
борците за слобода на говорот и кажува
дека за ова чуствително прашање страните не можат да се спогодат и го
поставува следното. Е, на следното беше поинтересно. Почнаа да паѓаат
интелектуални навреди од типот фашисти, комуњари, за на крај да завршат со тоа:
-Не разговарам бе со вакви како тебе , јас за тебе сум газоза!
Водителот и тука
изведе мудар заклучок, кажа дека страните немаат доволно аргументи и ќе премине
на следното прашање. Следно трик прашање се базира на тоа кога ќе заврши оваа
транзиција? Одговор нема, господата кутлурно си даваат предност.
-Повелете вие, па јас.
-Не, не вие прво, ви давам предност.
Тука завршува дебатата и водителот ни посакува
пријатна вечер и до следно видување. Пу,пу, скраја да е да следам такви бурни,
корисни нешта. Иронијата да биде поголема истиот тип на средби се прераскажани
на 10 страни во весник, се гледаат на сите вести во сите термини. Ако само еден
ден ги изгледаш сите, мозокот ќе ти се испере на вриење.
Ние си имаме и stand
up комедија
на Собраниски канал. Толку транспаренти нема ни на утакмица. Уште поинтересно е
кога камерата снима цел ден празни столчиња, тогаш се носат најдобрите одлуки. Корисен е за оние со
низок притисок. Презаситени од едноличната македонска маса што ни ја сервираат
веќе ни притисок се крева ни бутур. А тоа е и најлошото на што може да го
доведете својот народ. Апатија кон политиката, недоверба кон своите
претставници и наметнување на став дека треба да живееме со мотото “спаси гз, пакувај куферите”.
Перењево мозок не е нов феномен од секогаш бил и
ќе биде, но кај нас е на завидно ниво. Кај нас не ти треба многу да се
прославиш и бидеш дел од естрадата, политичката елита, шоу бизнисот, дел од
нешто со некој.
Вредностите ги немаме но, маските ни се на цена.
Ние сме таков народ, тоа ни е во гените. Ако
погледнеме кон историјата срам да те фати. Сите македонски револуционери биле
предадени од својот народ, од своите луѓе.
Перење мозок би бил и текстов ако упорно правам
пена окулу фактот дека ние сме овци и не водат. Има и луѓе кои вредат, без
маски, кои се борат и живеат за многу повеќе од горе споменатото мото. Ги имаме
и таквите кои се ретки и се губат некаде во толпата. Со тек на време и тие
повлекуваат некој со себе или нив ги претопуваат.
Ако е за подобро утре и во центрифуга би влегла.
Ако се успее со тоа “перење мозок” да се разбуди свест кај луѓето дека времето поминува, ништо не се менува а ние остануваме ораничени клонови би било совршено. Треба да се исчистиме од сите лоши
навики кои ги имаме прво кон себе и другите. Општеството го сочинуваат поединци,ние.
Нешто е труло во државата Македонија(Рециклирачот).
Си беше еднаш еден човек кој живееше во еден
монденски град. Градот нудеше најразлични можности, шанси и прилики, но човекот
за кого е приказнава не правеше ништо. Живееше со некоја филозофија дека ако
требало да се случи ќе се случи, ако било пишано ќе дојде самото и сите од тој
ред реченици.
Но, не беше од секогаш таков. Еднаш беше лудо
заљубен во една девојка. Еднаш навистина чувствуваше и беше жив. Не му беше
криво што ја изгуби таа девојка, зошто сакаше да го искуси светот и она што
може да го добие. Единствено му беше жал што не ја запозна 10 години подоцна.
Сепак, тој живееше со мислата ако требало да биде ќе бидат заедно повторно,
знаете судбината го прави своето.
Некогаш имаше и сон. Работеше за тој сон, се надеваше,
го замислуваше денот со преполната концертна сала. Веруваше во него и беше жив.Некогаш имаше цел неговиот живот и
тоа и даваше смисла на секоја секунда која ја поминуваше тука. Но, тоа беше
некогаш. Почна да ги губи залудно своите денови во некои работи кои го
одалечија од она што го сака. Секогаш во распоредот му беше од утре, секогаш од утре почнуваше со промените.
А тоа утре како и секое утре никогаш не доаѓаше.
Деновите се претворија во недели, неделите се
слеаа во месеци а месеците во години.
Еден ден во правењето ништо го прекина телефонот.
Со крајни маки го крена телефонот од што беше зафатен.
Од другата страна на слушалката беше позитивниот
глас на неговиот пријател за кој мислеше дека имал таква среќна ѕвезда, и
пишано му било да биде успешен, среќен и задоволен. Не го сакаше баш поради тоа. Како и да е, повторно по кој знае кој пат
одби да се видат.
-Ај утре може?
Пријателот го слушаше тоа утре толку пати што
знаеше дека е лага. Па продолжи да инсистира да се видат дента. Не знам како му
успеа да го убеди да дојде на договореното место.(Понекогаш, судбината
навистина го прави клучниот пресврт...но само ако и дозволиш).
И така, се сретнаа ни помалку ни повеќе туку на
гробишта.
Зачуден од идејата на својот пријател го праша
-Што бараме тука?
-Оди ти само по мене, ќе видиш.
Со секој чекор стануваше се повеќе збунет и
зачуден. Не можеше да сфати што бараат тука.
-Да не умрел некој? Го праша подзастанувајќи
неколку чекори зад него.
Да не се случило нешто?
Пријателот мирно продолжи да чекори по патеката не
обрнувајќи внимание на неговите прашања.
-Само продолжи да одиш ќе ти станае јасно наскоро.
На крајот од патеката имаше еден свежо ископан
гроб со неколку цвеќиња и венец на него.
Кога стигнаа до него, пријателот тивко изусти
-Стигнавме. Ја спушти главата и гледаше во гробот.
Остана до него збунет и молчеше одредено време
додека пробуваше да си ги разјасни мислите.
-А пријателе, чив е овој гроб?
Пријателот го крена погледот кон него и повторно го
спушти.
-Твој е.
Погледот му стана стаклен од она што го слушна, а еден
не дефиниран имплус на емоција му
проструи низ телото.
-Па, како мој, јас сум сеуште жив?
-Не пријателе, ти одамна си мртов. Единствено што
те дели од овој гроб е да легнеш во него. Од тебе остана уште тоа.
Настапи најболната и најдлабоката тишина.
Стоеа над гробот и пријателот се сврте кон него и го праша
-Дали судбината е виновна за ова?
-Лесно ти е тебе да ми проповедаш лекции како да
се борам и да се менувам, зошто ми го правиш ова?
-Ти не беше со мене да ги видиш моите борби, но
јас го гледам твојот погреб затоа сакам да ти помогнам. Никој од нас не е
поштеден, сите поминуваме низ истото со таа разлика што одбираш што ќе извлечеш
од таа болка. Никој не останал поштеден од загуба, но многу од тоа излегле
поголеми.
Кога стоиш над твојот гроб како сега, сеуште ли мислиш
дека си направил се и имаш време да ја
чекаш судбината да ти тропне на врата? Сеуште ли мислиш дека ти било пишано да
живееш како што живееше и да завршиш вака? Има ли некој за кој би сакал да живееш барем уште еден ден,
нешто да почувстуваш, нешто да искусиш?
Човекот остана нем и не кажа ни збор. Од неговите
очи почнаа да течат солзи и клекна на колена пред својот гроб. Со кренати раце
над своето лице го испушти најтешкиот крик. Пријателот не кажа ни збор. Го
остави така, знаеше дека тоа мора да го помине сам и сам да се дигне. Плачењето
се намалуваше и конечно стивна.
Стана од земјата и се исправи до својот пријател
гушкајќи го мило како никогаш пред тоа.
-Ајде да си одиме пријателе. Овој човек умре а јас
имам живот за живеење.
Subscribe to:
Posts (Atom)


