Blogroll
Елена Кочова. Powered by Blogger.
Архива
Followers
About Me
- Писарко
- Skopje, North Macedonia
Имам фобија од зборовите како овој. Последен,
секогаш, засекогаш, никогаш. Не ги сакам од проста причина што ме потсеќаат на
тоа дека на секој му траат различно. Па, што ми
значи на мене засекогаш ако временски е пресметано, или што ми значи
заканата никогаш повеќе, или последен пат ако се врати по 5 минути. Ништо
апсолутно ништо. Единствено нешто што оди во неповрат ти е времето. Оди и
никогаш не можеш да го стигнеш. Вечна трка со него, но секогаш е чекор пред
тебе. Има еден единствен момент кога сте на исто а тоа е на крајот од трката.
Ни ти го бркаш ни тоа се обидува да ти бега. А и времево ти е кварна ствар. Од
време на време ти се причинува дека му застанала батеријата, а во суштина ти го
наплатува дупло. И време и не време се во едно.
Ние луѓето
имаме фобија и од зборот минато.
Или живееме во страв од него. Единствено постои страв од минатото ако не е
минатото, туку е сегашно и го планираш
во иднина. Тоа е затворен круг. Не си напред ни си назад, уште помалку сега.
Стегите и ланците од него се кинат на единствениот начин а тоа е да го
погледнеш како завршено. Тешка работа но права. Истото е за годините кои
поминуваат. Во суштина ден за ден може ни изгледаат исти, досадни. Но ако ги
погледнеш истите тие денови како период ќе видиш дека многу работи се
промениле, ти, луѓето окулу тебе. Може и ништо не се променило но се променил
твојот поглед кон нив. Тоа што некогаш
било во твојата реалност не постои. Но, во суштина и што е разликата меѓу
реалноста и сонот? И во сонот ги има истите нешта што ги има во реалноста,
единствен показател што го прави сон, е змејот што ќе ти се појави или крилата
кои ќе ти пораснат да леташ. Така е и со она што го гледаш. Се до моментот
додека не ја смениш перцепцијата за да го видиш змејот во својата реалност не
можеш да се промениш. А се променија многу работи оваа година, односно секоја
година за себе. Освен фактот што на исто место можеш да ја дочекаш Новата
Година со истиот состав од лани, со непроменети диско позиции, можеш да се
видиш себе дали и ти стоиш на истото место. А и да стоиш не е страшно се додека
си блиску до шанкот.
Вака погледнато се маткав со некои текстови за
мисирки, мисири, кои од секогаш биле тоа и останаа така. Сеуште стојам на тоа
дека забавата со нив продолжува.
Сфатив дека куќниот совет е залуден кога јас трчам
секое сабајле на штикли зошто нема светло, Усеин вода може да ми носи. Сфатив
дека и пишувањето за сентиш теми не ми оди лошо само ако пробам да ја тргнам
барикадата пред себе. Сфатив дека нормално е да немам одговори на некои прашања
зошто и Иво ги нема.
Искрено, да знаев лани дека вака ќе ги поминувам
последните денови од годинава немаше да се радувам толку на дочекот. Да знаев
дека повеќе молење ќе удрам пред ектс од црква, сигурно дека и некој од нив ќе
викнев со мене на славење. Али немаше
шанси, зошто не сум им ја пратила
поканата преку досие. А и да им ја пратев они ќе заокружеа сите одговори се
грешни така да исто ми се фаќа. Во овие потресни денови сфатив дека ти не си ти кога си
запишан на државен. Махери се да ти спакуваат пакетче со колоквиумски срања на
денот на дочекот. Е сега налет да се нестори,
некои потегнале кабли кај Дедо Мраз ако не таму барем кај џуџињата па
поклонот си доаѓа пред време. Знаете како вика нашиот народ, колку кабли толку
музика. Само да не се сопне некој мене ми е.
А и да се сопне, а и да не се сопне мене не ме
интересира. Ни јас свирам ниту пак Телеком ми е во план наскоро.
А баш и тоа си мислев оваа година, дали ти се
исплати да инсталираш толку кабли за сите работи во животот. Па не дај Боже
некогаш ќе им се расипат а сам свој мајстор тек тогаш тешко ќе бидеш. Ме
интересираше чисто што од сите тие вложувања во врски кои не функционираат,
оние кои не ти овозможуваат никаква комуникација ниту пак те водат кон нешто.
Или е до операторот или е до корисникот кој не знае да користи, како и да е
двете заедно не функционираат како што треба. А знаете има правило, она што
функционира не се менува но она што не функционира не треба ни да постои.
А ако правиме некој таков извештај за годините што
изминуваат има едно единстено вистинито нешто. А тоа е дека резулатите не се
баш за пофалба ниту пак доволно добри за жалење. Единственото нешто што
останува позади нас се нашите дела и нашите успеси и падови. Она што го правиме и она што им го правиме на
другите. А кога се доаѓа до тој момент единствено тие говорат за нас.
Тело и срце за 0денари, за памет се доплаќа. Во
цената е вклучено и ДДВ односно данок на ДОПЛАТЕНА вредност. Тоа во превод
значи дека (не)свесно сте доплатиле за изземена вредност која не е вклучена во
пакетот.
Е сега имаме процес продавање и процес купување.
Многу битни процеси. По која цена ќе продадете нешто и по која ќе ви го купат.
Колку ќе ве чини неговата продажба односно продажбата на своите вредности, и
колку ќе ве чини да си ги вратите некогаш пак.
Помалку или повеќе духовната проституција стана
дел од модата на денешното живеење. Научивме да се соблекуваме за нешта кои
никогаш и не сме ги посакале доволно, само за да бидеме соголени како толпата.
Оние храбрите кои се спротиствауваат на овој тренд се оние кои се исти како и
другите херои од нивниот чопор. Разликата помеѓу едните и другите е во фактот
што едните се координирани со сами себе
а другите се далеку од било каква дефиниција за она што го прават. Разликата е
во вредностите. Демек вредностите биле релативни. Како може едно убиство “од
онака” да биде релативно. Во конкретен случај релативноста исчезнува, нема
ништо релативно.
Се знае
многу добро што е направено и како ќе биде оценето. Знаeме сите што е добро што
е лошо, што е бело а што црно. Не може да биде релативна лагата, измамата,
преварата. Релативноста за ваквите нешта ја измислиле луѓето за да им биде
полесно пред себе(така била ситуацијата, периодот) или кога им ги прават за да
им биде оправдување. Ќе варирало нешто зависно од ситуација...мислите од тоа
како ви се сака или им се сакаа,сеедно.
Продажбава ми асоцира на една теорија. Game
theory, беше измислена од еден математичар кој дојде до нејзиното сознание каде
ако не на шанк. Не за џабе викам дека ако папокот е ценатар на светот тогаш
шанкот е центар на животот. Приказната најпросто раскажана би била ваква. Седат
неколку другари на шанк, кога одеднаш влегуваат неколку девојки меѓу кои и една
јака плавуша. Се уклучуваат сензорите кај момците и почнуваат да се спремаат за
лов. И знаете како иде приказната. Секој сака да го добие најдоброто што може,
не ги трошат за џабе тие воспитни лекции на нас. Како и да е, сите ако тргнат
по плавушата само еден ќе биде со неа или ниеден. Тогаш другите ќе останат со
празни раце, зошто нема да можат да тргнат по другарките кога веќе ја
искористиле приликата. Во превод ако сите тргнеме кон најдоброто тогаш некој сигурно
губи. Момакот вика дека подобро е да имаме нешто одколку ништо. Да се здобиеме
со нешто, не мора да е тоа најдoброто но да биде доволно. Има еден сплет тука а
тоа е цената по која ќе се задоволиме со нешто и она како ние му се продаваме
на светот? Дали таа цена ги задоволува нашите критериуми или таа граница е
симната од ден во ден поради најразличните случувања кои ги носиме.
Во контекст на ова сакам да споменам и една
емисија на која налетав случајно на тв. Една девојка зборува за неверството.
Мртва озбилна кажува дека се помирила со фактот дека денес сите вараат и дека
ќе биде варана или е веќе преварена, едноставно таа била помирена. Ја гледам
чудно па си викам оваа дали е озбилна дека е способна да лежи до некој знаејќи го тоа. Колку
време се има таква моќ за затварање очи и парализирање на мозокот. Не долго...
Или не е
свесна што зборува или тоа е
единственото на кое налетува денес. Не е девојката далеку од вистината
но, ако и она е таква. Али не е, кажува
дека едноставно тоа не било нејзин начин на доживување на љубовта и врската како треба да
изгледа. Воздишува и кажува дека има 3годишна врска. Аплауз за девојката ве
молам, храбро ги носи маните на својот дечко како свои. Секоја чест за
продажбата на својата верност за неговата превара. Неверство во континуитет или
во секоја врска да внесува нови личности, тоа е зошто некој има проблем со
принципите, осетот и претставата за тоа на кого и како се прават некои работи.
Нечии недостатоци не се наше бреме за носење. Денес едноставно стана не
нормално да си верен или да се извиниш кога ќе згреши или да побараш шанса. Вредностите
се заменија со работи кои од секогаш биле оценети како ниски. Свеста не
направила луѓе не нагонот. Нема ништо лошо во различните авантури, тие го носат
искуството но тие и ја носат празнината. Ако цената да изгубите некого што
сакате е по цена за некој минлив прериод секоја чест. Од се се учи но не и од
луѓе кои сакаат да живеат така.
Ние луѓето сме кукавичка направа. На првото сонце
го забораваме дождот и оние кои се под него. Може не се сеќаваме на луѓето со
кои сме се сунчале, но добро го памтиме човекот кој бил со нас под чадорот.
Добрата работа е што секој има цена но на некои
цената не им е во бројки. Кога ќе треба да купувате со лојалност или љубов
тогаш ќе видите дали сте воопшто вредни да имате некој ваков човек во својот
живот. Ако сте спремни да платите доволно за она што знаете дека сигурно ќе го
добиете нема да погрешите. Ако еднаш ги имате тогаш знаете дека производителот
доживотно гарантира за производот.
Кога луѓето барале излез, не можејќи да го најдат
го измислиле.
И така се создадоа разни митови, приказни, теории,
ликови. На се она што обичниот човечки ум не можеше да најде одговор или пак немаше време да го објасни, го нарече со
некои тешки имиња и сили на кој тој не може да влијае. Своите желби научи да
ги кажува на друг, и некаде по патот секој создаде свој чувар кој ќе го штити и
заплашува.
Еден од тие ликови е и смешно памучниот, забраден старец кој го има на секој агол. Не
сум Гринч ниту пак сакам да му ја украдам славата која ја стекнал со времето.
Едноставно ме интересираше неговата симболика и она што асоцира.
Од прилика би се движело во границите на тоа ако
сме биле добри во годината што изминува ќе ни донесе подарок, или пак дека
треба да му пратиме писмо со список на желбите и готово. Тука би била онаа
повисока симболика на тоа дека доаѓаат празниците кои треба да се поминат во
кругoт на семејството, со најблиските, во духот на добрата атмосфера и
сплотеноста. На следното скалило би било она што ние посакуваме и што сакаме да ни се исполни. Дали знаеме какви бевме во годината што измина, што
добивме а што изгубивме.
Неговата црвена облека прави аларм во мозокот кој ги превртува сликите, прашувајќи се дали тоа воопшто беше ставено на списокот за работи кои посакувам да ми се случат и дали воопшто стигнал да го прочита.
Неговата црвена облека прави аларм во мозокот кој ги превртува сликите, прашувајќи се дали тоа воопшто беше ставено на списокот за работи кои посакувам да ми се случат и дали воопшто стигнал да го прочита.
Ако некој некогаш му кажал на своето дете дека
Дедо Мраз постои, тогаш е малку тешко да му објасните како го нема поклонот,
или зошто нема авион туку топка. Малку е симптоматично да учите некого да
верува во своите соништа и верувања ако следната година му кажете дека е
доволно голем да се сноси со тоа дека не постои. Дека целата таа прекрасна
приказна е измишљотина, вие сте уморни да ја глумите а тоа е доволно големо да
измисли свои. И навистина ги измислува. Некој повеќе некој помалку, неминовно
сите ги имаме. Разликата е во тоа што како возрасни имаме амбициозни соништа и желбите ни се
пресметуваат во пари. Дедо Мраз на некои им е лидерот во партија, па веќе
претпоставувате кои се џуџињата. Е сега налет да се нестори некој мора да биде
и ирвасот да го влече дебелиот. Да го оставиме овој тешко комплексен процес на
измишљотина да се вратиме на празнициве.
Има магија во месецов, навистина има. Целата таа
атмосфера и еуфорија која се прави навистина придонесува. Освен фактот што најчесто во зима
се започнуваат врските зошто во лето друга е климата, придонесува и за
зголемената носталгија и зголемен процент на потреба да се заљубиме. Кој ќе ја преживее
демекeмвриската романтика на пролет ќе си свирка. До тогаш ќе издишува некаде покрај украсените улици, елки,
излози, снегот кој паѓаа под светлата на булеварот, заљубените парови кои се
гушкаат на улиците. Се ова поминува кога ќе се симнат сијалиците, ќе се стопи
снегот, магијата ќе ја снема и додатоците кои за миг ви биле сервирани ќе се
претворат во сеќавање. Тогаш и излозите ќе бидат само излози, улиците улици,
веќе и паровите нема да ги гледате како парови. Фактички, без сјај тие веќе
нема да ви светат како што ви светеле, зошто не знаете да ги видите без него.
Она што сте навикнале да го гледате е измишљотина, глобална или ваша. Фактичка
и посакувана. И нема ништо лошо во тоа зошто Кока-Кола и така го почна патувањето
и време е сите да се качиме на камионот.
Фино е целото возење, баш е забавно. Со песна,
расположени ликови, масовен придонес за
општо дружење. Бареме еден месец во годината да може да мислиме дека живееме во
бајка, да измислиме цела приказна и да заборавиме на сите лоши кралеви,
вештерки, отровни напитоци и шуми во кои се губиме. Се тоа да го спакуваме и
да го оставиме, а ова да го живееме.
Но, има еден проблем сепак. Верувањата и желбите. Од кога се соочивме дека Дедо Мраз нема удел во нашиот успех и дека црвените гаќи за Нова Година не ни ја носат љубовта пред врата, претпоставувам дека е време секој да биде свој Дедо Мраз. Да ги земе во свои раце работите, односно во својата глава да ги размисли, посака, и да верува во истите и секако да тргне да ги земе.
Но, има еден проблем сепак. Верувањата и желбите. Од кога се соочивме дека Дедо Мраз нема удел во нашиот успех и дека црвените гаќи за Нова Година не ни ја носат љубовта пред врата, претпоставувам дека е време секој да биде свој Дедо Мраз. Да ги земе во свои раце работите, односно во својата глава да ги размисли, посака, и да верува во истите и секако да тргне да ги земе.
Иако денес е тешко да веруваш, после сите
измишљотини со кои си се соочил, можеби е само време ти да ја направиш својата. Тоа не значи да бидеш
мисир(со потсетување за значењето на зборот мисир од текстот малку подоле http://wwwpisarko.blogspot.com/2010/10/blog-post_16.html )
Едноставно значи она што е твоја желба да биде
твое патување.
Верувањата се измислени за да не држат во сила и
волја да успееме да ги исполниме замислите. Соновите се исполнуваат и
прекинуваат, желбите се остваруваат и задоволуваат. Она што останува се луѓето
со кои сме патувале и луѓето на кои ќе им ги прераскажуваме патувањата.
Make
a wish!
Ако сакате да ве разберат зборувајте им на нивниот јазик
0 comments Posted by Писарко at 12/07/2010 01:21:00 AM
Пола од муабетите ми личат на зуење, другиот дел
на објаснување и само мал дел на разговарање. Оној мал дел со кој разговараме
ги нарекуваме свои луѓе, оние пред кои може да кажеме било што и совршено да не
разберат. Поздрав до оваа мала лојална група, но сепак поинтересна е онаа другата. Група со која не можеш да се
разбереш на ниеден основ, ни со раце ни со нозе. И на крајот, односно по сите
дебати сфаќаш дека повторно го имаш она чувство на недокажано.
Има една добра вест, а тоа е дека мистеријата е
решена џабе трудот.
И навистина е така. Сведоци сме на пропаднати
врски, прекинати другарства, фирми, бракови и сведоци сме на нивната лоша
комуникација. Не поради фактот дека некој не сфаќа( ако е ова налет да се
нестори) или поради фактот дека некој е
лош говорник туку луѓето едноставно не зборуваат ист јазик. Едниот зборува едно
другиот друго, па се извртува суштината на она што е кажано и на крајот сфаќаш
дека е најдобро веќе да не ти се обраќаат.
Покрај универзалниот говор на телото(секаде во светот кренат, среден
прст има исто значење) има уште еден начин а тоа е да им зборувате на нивниот.
Нешто слично како политичарите на митинг, им го кажувате она што сакаат да го слушнат односно она што
можат да го слушнат.
Од кога ќе процените дека сакате да биде разбрани,
и тие се вреди за трудот да зборувате на
нивниот а не на својот јазик тогаш сигурно она што ќе го кажете ќе ве однесе до
она што сакате.
Ако некој ве лаже, излишно е да зборувате со тој
човек отворено и искрено. Нему ништо не му значи вашата искреност исто како што
и не ја разбира. Ако нешто не разбирате тогаш сигурно ќе го игнорирате и
нормално нема да го почитувате. Оние искрените ќе останат со скршена доверба а
оние што лажат ќе продолжат така.
Би звучело лошо но, единствено лага од иста мерка
може да ги допре и единствено тоа можат да разберат. Ако некој зборува за
преварата како неважна, минлива работа
тогаш единствено штета од истиот вид на свој грб може да почувствува.
Единствено тогаш би можеле да проценат колку е неважно и дали е минливо. Во
секој друг случај, докторат да спремите на тема љубов, верност и доблест ќе
биде залудно.
Ако некој молчи, тогаш пробајте и вие да не кажете збор, ако го слушне се она што имате да му кажете на прав пат сте.
Библијата има една мисла-Кога ќе ти мавнат шамар
сврти им го другиот образ.
Сврти го за оние кои би го разбрале чинот на
твоето вртење, оние кои би го сфатиле твојот потег и оние кои вредат за тоа. Во
секој друг слулчај спреми го боксот. Тоа не значи да се одмаздуваш, не е начин
на разбирање. Одмаздата е најнискиот чин на жалење. Тоа едноставно значи да им
се обратиш на начин на кој би те разбрале зошто на твојот човечки не си бил сфатен.
Луѓето го разбираат само јазикот кој го научиле да
го читаат и зборуваат. Среќата е во тоа што има луѓе кои сакаат да се обидат да
ве разберат и да ви се обратат по секоја цена колку и да имате препреки. За овие
луѓе вреди да се стане полиглот.
Да го срушиме Берлинскиот ѕид во Македонија -Revolucija magazin br.2
0 comments Posted by Писарко at 12/07/2010 12:33:00 AM
Некој нека го пушти филмот за паѓањето на
Берлинскиот ѕид уште еднаш зошто некој не го видел она што треба. Во годините
од минатиот век кога се пишуваше новата историја на светот се потпиша народот
како автор, а не политичарите и власта. Оние кои го рушеа Берлинскиот ѕид не
беа платени работници, ниту пак партиски војници, беа обичните луѓе кои беа
презаситени од она што им беше наметнато. Ѕидот кој им го загради животот го
срушија со своите глета и чекани и го урнаа симболично комунистичкиот систем и
со тоа нивната тортура заврши. Како домино ефект почнаа да паѓаат владите во
останатите држави и почна едно ново бреме. Суштината на она што сакам да го кажам
лежи во нивното мото кое гласи-" Wir Sind Die Volk " („Ние сме
народот”!)
Македонија го
нема овој ѕид во вистинска смисла но, има еден куп други за кои Кинескиот ѕид е
мал. Па, не со глета по ѕид туку со чекан по глава треба да се акнеме по еднаш.
Кај нас партиски неопределен значи-ја кријам книшката под перница. Обоени се
медиумите од весници до телевизии, невладините организации, спортските клубови,
институциите, дури и црквата. Во секоја пора на општеството била навлезена
политиката и власта. А каде е тоа навлезена и кој е навлезен?
Прашајте
просечен македонец што мисли за политичарите без разлика на која политичка
гарнитура припаѓа ќе ви каже дека тоа се крадци и дека нема надеж за оваа држава,
се отишло надоле. А кога било нагоре па сега е надоле дали некој знае да каже?
Оправдани се
изјавите на нашиот народ, само не е оправдан нивниот начин на интерпретација на
нештата. Мислам дека Македонија е единствена земја во светот каде што секој
функционер може јавно да излезе на телевизија и да каже дека краделе во својот
мандат и тоа да помине неказнето. Колку што знам на други места ги фаќаат за
врат во најмала рака кога ќе се појават на улица, завршуваат на суд, во затвор
некои и платија со својот живот. Кај нас иронијата да биде поголема тоа е
сфатено како чин на искреност, кажал човекот како стојат работите. Работите не
стојат никако реално кажано. Статистиката кажува дека секој трет човек во
земјава е сиромашен. И вистина е. Не е Македонија само Скопје и да се
залажуваме со некои квази-Менхетен улици. Најголемото достигнуање на младите
кои доаѓаат од страна е пуштање корен во градов по секоја цена и сонот
прекинува тука. Господата кои гласно говорат на митинзи се оние кои имаат
одговорност пред овие генерации. Затоа срушете им ги овие безполезни соништа и
овозможете им подобра иднина. Нека вашите деца прекинат да сонуваат за денот
кога ќе ги спакуваат куферите и ќе одлетаат од тука. Поминуваш низ плоштад и по
тебе трчаат магистри по молење, просење и плукање. Гледаш глад и вес кај нив и
знаеш дека ќе продолжи тој нивни начин на живот уште еден век сигурно.
Продолжуваш по патот и ако го игнорираш ѓубрето и спомениците за кои пола
нација станаа архитекти и знаат дека постаментот не одговара за склуптурата,
тогаш може и да успееш да го видиш сонцето над тебе. Но знаеш дека не можеш да
го видиш на другата страна од Вардар зошто од некоја политичка причина таму не
се осеќаш како дома.
Невидлив ѕид
го дели Скопје.
И пак овој
народ има проблем со суштината. Не може по магарето па ајде по самарот. Факт е
дека оваа земја не произведува лидери туку произведува клонови. Ние сме
створени да не водат, и тоа стриктно заудани и да гледаме во тоа што ни нудат
да гледаме.
Има опции на
избор, секогаш ги имало. Ако овие политичари не знаат што да ни прават повеќе
тогаш да им кажеме дека постои криза на легетимитетот и нека се рушат зидините
од лаги и малверзации изминатите две децении. Тогаш нека се случи она што ќе се
случи и секој да ја понесе одговорноста. Додека не се развие свеста кај нас
нема ништо. Маса еуфоричен народ го сруши тоталитарниот режим, а не двајца
тројца. Тоа е само она што треба да се запамти, маса, толпа.
Но не можеме
да бидеме илузионисти. Кај нас сеште има луѓе кои немаат вода во домовите, и
одвај да можат да се информираат. Не може од овие луѓе да бараме да водат борба за
некаква идеологија, но можат оние интелектуалците и отворените умови (ако ги
има сеуште). Тие треба да ја воведат, обликуваат и применат промената. Не е
само да бидеме критичари, а да немаме поим што говориме. Штета од глупости доволно
претрпевме.
Subscribe to:
Posts (Atom)



