Saturday, December 4, 2010 | By: Писарко



Сосема е нормално зошто кога ќе не стигне осаменоста и носталгијата секогаш се сеќаваме на личноста која  барем за миг ги тргнала тие ужасни чувства. Сосема е нормално што можеме полесно да се навратиме на тие убави нешта од тоа сами да тргнеме напред. Се е тоа во ред и нормално додека не почнеме да ги мешаме поимите. Љубовта нема никаква врска со ова.
Не можам да ја сфатам таа љубов која нема никакво почитување, толку лаги, толку други луѓе на поминување, себични потези, посесивност и пасивност. Ако за некој тоа е љубов тогаш јас сигурно не сакам.

 

Теоријата дека од другарство потекнуваат најдборите врски и бракови не се слагам. Еве да погледме вака. Ако тоа е виситинско другарство, другарство меѓу  машко и девојка тогаш или тие се навистина другари или пак некој таму гадно лаже. Ако не лаже тогаш очајно ги чека своите пет минути, зошто по секоја логика блискоста и времето си го прават своето. А таа хемија, симпатија со текот на времето, односно со запознавање уште подобро на таа личност ќе прерасне во љубов. Ок, тоа ќе функционира добро, ако биле “другари” неколку месеци не повеќе од година. И тогаш ќе излезе на виделина дека и никогаш не биле другари, се било игра. Но, како би изгледала една врска ако човекот до вас го знаете како израснал, што правел со кого бил. Се што некогаш кажал за некој/некоја. Дали ќе може некој да заборави во какви ситуации го видел и што е способен да направи, односно да му направи на некого. Не верувам. И тогаш онаа наша човечка особина за вадење на нос на некои работи ќе излезе на површина и ќе и пука на љубовта директно во чело.

Реално гледано хемијата  и привлекувањето, научно ни докажаа дека се губат низ времето, она што останува е љубовта. А што кога се гради однос само на првите две и кога очекуваш дека засекогаш ќе остане така. Не останува така, промените и кризите доаѓаат а човекот го нема. Па ајде тука некој нека убаци некоја друга личност, не поради друго туку поради фактот да проструи нова енергија. Стави го другиот  на чекање, помини го своето, одмори ја главата, поштеди се од тешки моменти па потоа врати се. Ако кога се тоа ќе заврши прашањето е  вредеше ли?

Што значи готово ако времето ги бледее само сликите но не и енергијата? Дали е тоа хемија или преживеана љубов? Сепак мислам дека некој денес лошо ги помешал работите.

 

Љубовта е нешто како фирма.  Ако партнерот ви е само партнер тогаш кога и да е ќе го шитнете за подобра инвестиција, ако тој ви е другар тогаш никогаш нема да ги терате работите како што треба. Ако не го гледате како човек, ваш партнер и другар тогаш ќе пропадне уште пред да почнете со работа. Истото е со љубовта. Разликата е во тоа што материјалните инвестииции се далеку поедноставни од емоционалните, помалку чинат иако се бројат. За другиве сеуште нема на кредит. Да беше така би земала еден за доверба, еден за простување со заборавање и еден за вистина.

Ако нешто може да остане во ова вртоглаво променливо време е начинот на тоа како некого ќе го имате. Односот...хммм тешко дека ќе остане. Начинот е единственото нешто што може да остане после се. Не може никој да очекува дека некој ќе ви се смешка позитивно, ако вие сте го повредиле без разлика што некогаш тој човек кажал. Нема место за такви очекувања. Но може да очекувате  дека кога ќе ја затвора вратата зад себе ќе се поздрави, само тоа може да се очекува. Од таа врата па натаму вашите очекувања мора да пропаднат како и надежта дека ќе се однесуваат во склад со она што некогаш било.

И тука лежи суштината на тоа дали е љубовта мртва или живее некаде под некоја друга емоција. А тоа би можело да бидат различни работи и различни чувства кои се базирани на една голема вистина. А тоа е дека нешто во нас огрубело и не направило без осетни. И денес тоа сме сите на некој начин. Се оградуваме од се она што не тера да почувстуваме нешто длабоко, подлабоко од потребите и животинските нагони. Се тргаме и градиме ѕидини окулу нас како нешто не не допира и како ни е сеедно. Веруваме или сакаме да веруваме дека сме тоа или сакаме да живееме така.

Умираат луѓето не и љубовта, и не значи дека празнината треба да се пополни со поголема празнина. Големината на некој не е во неговата способност да се огради, баш напротив.

Нема ништо лошо во целата таа мерка на безбедност, нависитна нема. Но не и кога ние стануваме такви неспособни да сакаме и да застанеме до некого. Оние пак поразумните одат на принципот резерви или пак дај што даваш. И тука е пак онаа голема лага, не се дава ништо освен поглед на ѕидот. А искрено ги мразам педерските нечујни напуштања на теренот кои денес станаа мода.

Па да се надеваме како што модата се менува ќе се менуваме и ние, може некогаш ќе стане мода  да се  превзема одговорност за своите постапки.

 



 


0 comments:

Post a Comment