Blogroll
Елена Кочова. Powered by Blogger.
Архива
Followers
About Me
- Писарко
- Skopje, North Macedonia
Текстов
би го започнала со две реченици.
“Прости им,твојата
големина не е во нивната ситна душа” и “Твојата слобода е во твоето простување”.
Луѓето обично прашуваат зошто на некого да му
простат? А јас имам да прашам како да се прости?
Одговорот на тоа зошто некому да му простиме, е многу поедноставен од тоа како да
го направиме истото.
Простуваме од причина зошто сакаме да ги оставиме
тие луѓе зад нас, од причина што си простуваме на себе за она што сме го
направиле, зошто во тој момент тогаш тоа било единственото што сме го знаеле и
умелее.
Простуваме зошто сакаме да вратиме некого во нашиот живот, простуваме
зошто сакаме да се ослободиме од гневот, бесот и желбата за одмазда кои одат
заедно. Простуваме но не и забораваме. А и не треба да забораваме. Не треба да
заборавите некогаш некој што бил способен да направи, тие работи се невозможни
да се заборават.
Ако се горчливи да ги голтнете тогаш тоа е доволно
за да плукнете на се што оди со нив. Заборавањето значи бришење на ликовите и
настаните како никогаш и да не се случиле. Тоа во превод би значело да ги
избришете своето постоење. Треба да се сака своето искуство исто како што ја сакаме својата иднина. Поедноставно е да го прифатиш она што ти се случило
и да продолжиш напред. Јас имам да прашам како?!
Како да им простиме на оние кои не повредиле,
разочарале, или како тие да ни простат на нас. Одмаздата го полни егото но не и
празнината ниту пак менува нешто во она што се случило. Помага само во оној
момент кога враќате на луѓе кои тоа го заслужиле. Чисто колку да ги потсетите
дека вие не сте тука поради нив, ниту пак дека тие се најдобри, посебни, и дека
вие и без нив живеете. Едноставно да им го разбиете од глава она што наокулу го
прават. Тоа нема да смени ништо во однос на она што ви направиле но, ќе направи истата таа личност да се
размисли за следниот пат.
И да не вратиме, животот ги враќа работите и ги
реди совршено, само малку посурово за оние кои некаде си го заборавиле осетот.
Она што го правиме е она што ни се враќа, она што го даваме е она што ни го
даваат. Ако некој нема трпение да чека да го види овој момент тогаш слободно
нека го направи она што мисли дека ќе му помогне да се ослободи од негативната
енергија...Но, најдобрата одмазда е правилно да живеете.
“Нема побезначајни работи
од преболените”-Даниел Краљевски.
Кога со истите тие луѓе по неколку години ќе се
сретнете, вашиот “пребол” ќе биде нивната казна, а тогаш ставете насмевка и продолжете
по улицата. До моментот додека не го пуштите она што ве повредило, тапкате во
место. А тоа е многу полошо од она што некој друг ви го направил. Ако тие луѓе
не се вредни да бидат со вас, простете им и ослободете се самите од последното
нешто што ве врзува за нив. Простуваме за да може повторно да веруваме во она што
ни го уништиле.
Сите грешиме. Помалку или повеќе ги повредуваме
луѓето окулу нас. Помалку или повеќе тие ни простуваат. Ни враќаат и ни се
одмаздуваат. Дел од нив заминуваат и веќе никогаш не се враќаат.
И тука лежи целата поента ако можам да ја наречам.
Да знаете каде е границата помеѓу она што може да ви го простат и она што
никогаш нема да ви биде простено? Кога грешите која е цената по која некогаш би
го вратиле истото. Понекогаш успеваме да ја видиме линијата но скоро секогаш ја
преминуваме. За секој од нас е различна но важно секој ја има.
И што би рекла после се за простувањето....Ништо.
Тука нема правила и нема формули. Секој знае што е
она што му треба и што е она што го прави среќен. До нив доаѓаме на различен
начин со различна перцепција. Единствено што треба да запамтиме е дека не
секогаш може да се коцкаме со она што го имаме.
“Коцкањето е сигурен начин
на добивање ништо од нешто”.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment