Blogroll
Елена Кочова. Powered by Blogger.
Архива
Followers
About Me
- Писарко
- Skopje, North Macedonia
Типичен скопски сељак е многу напнат на прашањево. Синдромот на патење
на велемајсторите од скопскиот асфалт е содржан во зборот провинција. Слично на
сифилис, болест која слатко се добива и трагично завршува, типичниот скопски
сељак ја шири пропагандата за неговата плава крв. Опкружен со голи девојки и
дијалекти како обидинетото кралство на Бенетон, спремен е да доплати за скопски
акцент. И кога веќе е очигледно дека некој плаќа,
чисто колку да прашам, каде им е фраеризмот на овие момчиња кои наводно ги
избегнуваат локалните забави? Го нема. Изумре заедно со ерата на Ник Слотер и
неуспешниот абортус на кошулите на Гоце Арнаудов. Тоа е исто како изумирањето
на дамите од минатиот век и реинкарнација во дами на тротоарот или дами
кешоловци или дами после забава сеедно. Најстарата и најлесната професија е токму тоа. Најлесно е да ја прошеташ
својата задна ложа гола или полугола за некоја цена, а цената да ја облечеш
тешко дека ќе ја исплатиш. А искрено, добри увозни парчиња се изгубија под
сјајот на диско топките во прегратките на наводните функционери. Но, што е тука
е. Дипломата на мама на темава и ја обезбедила школата вредна милион долари.
Последниве години имаме држава и главен
град...толку.Од толку што го форсираме Скопје ги збунивме и грците. Сиротите се
испобунија и мислат дека Македонија е
еднаква на Скопје. Во знак на поддршка на нашата тенденција да бидеме сите
Скопје, не нарекоа Скопјанос и едноставно нема лутиш.
Ние сме
толку заостанати што за во Охрид мислиме дека ни треба виза. Може не ни треба
виза ама лажица ќе заврши работа. Ние не може да ги прифатиме луѓето тука, а не
па во Европа. Да бе, јас да бидам под исто државјанство со некој провинцијалец од Минхен,
не дај боже Милано или евентуално Кан. Ама некако не звучи исто. Епа не звучи,
зошто и Скопје не е метроплола а и Вардар не е море.
Многу е битно кога ќе ви го прават муабетот во
чаршија да кажат-во Скопје седи. А Селјаковац е она место блиску Скопје кое има
предиспозиции да биде дел од градот. Со овој тренд за некоја година Скопје ќе
биде до Велес. Тоа е тој сељак во секој од нас. Напатени за што ќе кажат
луѓето.
И шират муабети дека биле ограничени. Па да де, не
се широкоградни како Скопјаниве за кои
провинција е се што не е Центар.
И се е тоа
нормално. Помали места, па ви го знаат фамилијарното стебло 6 колена назад со
посебна биографија за секој од нив, плус со примеси на корзо муабет. Ако не ја
знаете приказната за вашите слободно прашајте. Ќе ви кажат и што било и што не
било со акцент на не било. А како да не е така, кога комшијата е повеќе кај
тебе во двор од неговиот. Ако не ти седи дома, тогаш сигурно те гледа низ
прозор.
-All eyes on
you комши!
Затоа во Скопје си изградивме згради, па процесот
на евиденција го тргнавме од улиците и културно го изведуваме пред врата. Ако
те интересира нешто, само постои пред бројот на врата која те интересира и тоа
е тоа. Чиста работа бон-тон манири.
Aко сме кај јазикот кој на
каков дијалект зборува, јас имам да кажам дека
општа неписменост владее кај нас. ОД СЕКАД, ПОШО ЈАС СУМ ОД СКОПЈЕ, ПЕЕР НЕ
МОЖАМ А ДА НЕ ВИКАМ ТИ ИБАМ И СЛИЧНО. На ништо не личи нашево зборување.Нема
смисла да не се зборува македонски. Недоразбирање е страшна работа која може
трагично да заврши. Така на пример.” улапаме вујковец”(што во превод значи ме касна комарец)може да предизвика
страшни заблуди. Тоа е исто со српскиот феномен во Македонија. Тука се по 20
години и за некое чудо сеуште не зборуваат македонски,си го тераат своето. Упорни
причаат ли причаат мислат универзален им е јазикот. А може нас да не трујат со нивната Гранд музика. Уште пострашни се македонските
несудени срби кои наводно се од Србија со нагласок на Белград.
Дома кој на каков јазик ќе зборува тоа е негово,исто како ќе зборува кога ќе излезе. Ама на јавни места
во смисла на факултет е не можам да барам превод. На ништо не личи професори да зборуваат на дијалект. Официјален јазик е македонскиот литературен и тука нема
пошо,зошо, пеер, куде, ебаго,
кабадаја,френки,матуфа,љуткава и слично.
Смислата на зборот провинција и митот што кружи со него го создадоа истите сељаци
како и овие што го употребуваат. Ги праќаат на 9 месечен одмор во Скопје и
нормално е да се однесуваат како индијанци. Знаете како иде пакетот. Стан,
кола, приватен факултет, афтери мафтери чуда и врагови. Па, кога ќе се обединат
со истомислениците од тука...ооо па каква е таа драма. Избрусени светат како
дијаманти во бижутерија. Оној непребол стил на наводна бизнис деловност, празен
поглед и благотелешка насмевка. Да ве завее патот до местата кои се погодни
после 4 до времето таман за тазе бурек има да видите луѓе на кои не сте се
надевале. Е тогаш нема да слушнете што правиш, уште помалку па кај си, зошто
очигледно дека ќе се срамат да се поздрават.Тоа се истите луѓе што последен пат
сте ги виделе во читална и ви проповедале за економската криза, глобалното
затоплување и нуклеарна физика. По некоја случајност истите тие принципиелни
типови во тие вечери држат за рака се што некогаш наводно пред вас плукнале. Во
уличната психологија овој комплекс е познат под терминот п****патија. Правилото
е едноставно- сељакот е секогаш погласен од човекот и проклет да е.
Не измисливме ние топла вода за миграцијата и
зошто се случува. Секој сака да напредува и сака да успее во животот. Разликата
помеѓу човекот и сељакот е тоа што сељакот има вишок на форма и недостаток на
содржина. Содржината не е еднаква на местото од каде потекнуваш колку што е
битно како си скован. Може да има статус на принц а да е тежок сељак и
ограничена глуперда. Манирите се учат но не се учи големината на човекот. Тоа е
нешто кое го имаш или едноставно го немаш.
Во ова вртоглаво време најтешко е да најдеш
граѓанин во град и селанец во село.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
2 comments:
damn woman...ke opstane li skopje bez seljacanata, prasanje e sega!?
a ke ima prodolzenie ? :)))
Post a Comment