Wednesday, August 11, 2010 | By: Писарко

Part 2.from a book

...Мојот најдобар другар во тој период беше едно снажно момче, многу популарен и доста бесен и див. Јаков Ивановиќ беше миленик кај девојчињата и идол на машката поплулација. Неговиот постар брат Игор веќе беше вмешан во подземјето и беше дилер во околните населби. Она што не спои со Јаков беше единствената негова слабост која воедно беше и моја. Немаше татко. И како и мојот загинал во војната.
Јаков за тоа мислеше дека татко му бил будала што верувал во патриотизмот, и дека таа насилна жичка им е токму од него. Во неговиот дом имаше пиштоли, пушки и муниција која ја чуваа како икона во црква. Веќе од 16години Јаков насекаде одеше со светињата од својот мртов татко. Ладната цевка во неговиот џеб ми предизвикуваше нелагодност и претпазливост. На не цели 17години беше со досие, како и добро познат на околината. Дилаше дрога, учествувавме во сите тепачки и што не правевме тој период. Крадевме и секогаш поминувавме неказненто. Мојата мајка не ми можеше ништо. Ме немаше со денови дома. Доаѓав на кратко колку да јадам и да се пресоблечам. Во школо престанав и да одам.
Бидејќи немав брат, Јаков беше мојот брат кој го сакав и му бев грб и го штитев. И тој ме штитеше мене. Кога почна да ја зема дрогата што ја продава, ме чуваше мене подалеку од тоа. Ми ги броеше секогаш линиите, апчињата и ми забрануваше. Се закануваше дека ќе ме убие ако ме види како посегнувам по дрога неумерено, или како земам од друг. Се закануваше дека никој несмее да ми продава на мене. Му бев брат сепак. Но , јас не можев да го направам истото за него... Не бев силен, бев сеуште неискусно дете, без разлика како и да живеев и без разлика како и да се однесував.
Сеуште не знаев дека дрогата може да ми го земе другарот, но дознав. Јаков се повеќе и повеќе навлегуваше. 
Еднаш под дејство кога беше, се обидов да му ја земам иглата од рака. Го извади пиштолот и го стави на мојата слепоочница. Крвав поглед ми упати, а јас сепак не се помрднав. Останав така. Очајот во неговите очи се одигра на големо. Таков очаен поглед не помнам дека некогаш ме погледна пак. Почна да дише забрзано, јас само му го возвратив погледот. Ладен, оној кој го молеше со последната капна љубов и надеж дека ќе престане. Ни ден денес не знам од каде ја најдов таа сила, морав да го тргнам тоа ѓубре од него. Го сфати тој тоа. Се засрами од својата постапка. Јако го заболе. Знаеше колку ниско го клекна дрогата, стави пиштол на мене за неа. Болеше тоа. Клекна на колена и почна да плаче.
Да се види силниот Јаков Ивановиќ на колена на под, како плаче е повеќе од неверојатно. Таа вечер сфативме и двајцата колку е работата отидена. Над него куцаа неговите последни часови, а над мене немоќта да ги вратам.
Само неколку недели од тој настан Јаков беше пронајден предозиран во паркот.
Бев скршен, и повеќе од тоа. Имав 19години и мојот свет веќе ја доживеа својата кулминација и почна да тоне. Единственото тло под моите нозе и поддршка ги снема.
Брат му полуде целосно. Пред да заврши во лудница, се пресмета со целиот крај. Сите кои му давале дрога сите они кои беа со него. Не сфати дека кога ќе заврши одмаздата единственото што останува е празнината. Неговиот бес и немоќ да го вратат беа вистинските виновници кои го натераа да бара виновници со име. Мораше на истите тие да им го наплати она што му го земаа на неговиот брат. И да го земеше истото од нив немаше да го врати. .
Една вечер дојде и по мене. Среќа, завршив со неколку скршени ребра и еден убод во стомак од нож. Немаше да бидам денес тука ако не го видеше крстот од Јаков кои ми го имаше дадено. Завршив во болница, но сепак бев жив и ми беше мило. После тоа Игор заврши на суд и беше прогласен за психички болен и заврши во санаториум. Раните од неговите удари зараснаа, но, не и раните на мојата душа. Сеуште го помнам очајниот поглед на Јаков, ме гледа. Сеуште во моите денови ја преживувам неговата празнина и вината која ја носам дека не бев способен да му помогнам. Можеби не се сеќавав на ударите таа вечер како што се сеќавам на присуството на тоа искуство, некаде заборавено во моето детство ако имам право да го наречам така.
Со денови неспиев и не јадев. Се вратив дома...

0 comments:

Post a Comment