Wednesday, August 11, 2010 | By: Писарко

Part 4.from a book

... Марија лежеше на креветот. Имаше цевки во устата, шишиња и игли во раката. Ги бутнав другите, се доближив до неа. Одеднаш почнав да гледам на нив како на некои непотребни личности кои не можеа ништо.
-Срцето, дали го проверивте срцето?
-Да, докторе, но...
-Што но...
-Не знаемe колкави се шансите да го преживее ова. Срцето откажува... жалам. Ме допре неговата рака, по рамото. Не сакав да ме сожалува. Нема да се случи ништо. ќе преживее.
-Тргни се! Не е готово, ништо не сте направиле. Сите надвор.
-Но, смирете се, полека, почнаа сестрите да ме смируваат.
-Сите надвор! Надвор! Оставете ме!
Викав и се дерев низ собата. Се тресев. Мојот разум ми викаше дека е готово, знаеше дека е готово. Моето срце веруваше во неа дека ќе издржи дека ќе го надмине ова!
-Ти можеш! Ајде не ме разочарувај ти можеш! Те молам слушни ме! Марија!
Се наведнав врз неа и почнав да плачам. Моите солзи се лизгаа низ нејзиното лице. Беше превземено сé. Требаше да оставиме на време да видиме што ќе се случи понатаму. Срцето беше прашање дали ќе го издржи ова. Ако кардиолозите велат дека откажува што би знаел јас повеќе од нив.
Како доктор не знам дали верував дека ќе го надмине, но, како човек кој силно ја сака верував дека ќе се разбуди и дека повторно ќе ме погледне.
Останав со неа. Лежев покрај неа и ја галев. Треперв, бев преплашен. Молев Бога да ја спаси. Ја молев неа да ги отвори очите. Полека почна да се движи. Го осетив тоа придвижување. Станав, застанав покрај креветот. Ги отвори очите и ме погледна.
-Мила моја. Ја прегрнав и почнав да плачам.
-Прости ми те молам, прости ми.
Не можеше да се помрдне. Ја тргнав маската од нејзиното лице, се обидуваше да каже нешто. Ја тргнав зошто нејзинот поглед ме молеш да ја слушнам.
-Прости ми ти.
-Простено ти е сé, не зборувај сега те молам одмори се.
Дишеше тешко. Одвај земаше воздух. Пулсот и паѓаше.
-Зошто ми го правиш ова, те молам издржи. Знам дека можеш.
Дишењето и стануваше се потешко и потешко. Губеше здив, ја тргаше маската.
-Марија те молам, дозволи ми да ти помогнам.
-Јассс... губеше здив и прекинуваше да зборува.
-Јас дојдов за да ми го дадеш мигот што е доволен за да го оставам целиот мој живот... Бакни ме!
Се стаписав. Заледив, премрзнав.
-Не те молам не ми го зборувај тоа, те молам. Ја бутнав својата глава во нејзината немоќна прегратка.
-Дамјан... погледни ме.
Ја погледнав.
-Дали ми прости?
-Дааа, и одговарав низ солзи. Се збогував со неа, полека станував свесен.
-Баци ме те молам!
Полека ја кренав главата. Нејзината лева рака ме допираше нежно со врвовите на прстите и се држеше за мене.
Се доближив и ја бакнав. Во тој бакнеж помешан со љубовта, и целата таа енергија која беше во него, беше и последниот нејзин здив. Последната издишка која легна на мојата уста. Последниот здив кој го издиша, последното нешто од неа. Умре на моите раце. Нејзината крв се ладеше на нив. Ја држев само, не направив ништо. Ја галев нејзината рака, ја држев. Се обидував да ја затоплам, не знам зошто се обидував да ја држам топла. Секако беше невозможно. Плачев уште долго над нејзиното тело. Беше утро и беше готово.

0 comments:

Post a Comment