Blogroll
Елена Кочова. Powered by Blogger.
Followers
About Me
- Писарко
- Skopje, North Macedonia
...Јадевме во молк и легнав во мојот кревет после кој знае колку време. Два дена спиев без престан. Кога се разбудив не знаев каде сум ни кој сум. Цела една недела останав само во собата, јадев и се враќав пак назад. Мислев многу мислев, водев борба со сам себе. Се сетив на една реченица на Јаков кога дувавме заедно.
-Дамјане, остави тоа, не си ти за тоа верувај ми.
-Како не сум за тоа? Веќе со години сме во ова заедно брате, не се потсмевај повеќе со мене.
Вовлече еден длабок дим и издиша.
-Верувај ми не си ти за ова, те замислувам во некоја канцеларија. Така удобно сместен, можеби доктор можеби писател.
-Хахаха па можеби ако продолжам вака ќе бидам доктор сигурно хахахаха и се изнасмеавме гласно и двајцата. Марихуаната почна да делува.
-А мислам дека имам шанси и за писател, немам ни една едниствена книга прочитано.
-Не е се во тоа, ќе видиш дека ти ќе успееш, среќно копиле си ти Дамјане. Ако не научиш сам, животот ќе те научи.
Знаеш што е разликата помеѓу уметниците и обичните луѓе?
-Не знам. реков
-Разликата е во тоа што тие умеат од својата болка да направат ремек дела. Од она што било започнато со лошо на крајот да добие восхит. Не знам дали сум ти кажал, но јас сакам да компонирам, да свирам гитара, одамна не сум го направил тоа. Многу ја сакам музиката.
Прв пат таа вечер во неговиот поглед можев да ја прочитам неговата душа. Тој поглед ми беше инспирација и водач во многу ситуации во кои се најдов. Никогаш не го заборавив стравот и осаменоста во неговите очи.
-Не си ми кажал, се изненадив. Па зошто не свириш?
-Не е време за тоа, барем не сега. Погледна во земјата, не издиша го задржи здивот подолго.
-А ти во која група спаѓаш? Го погледнав.
-Јас сум уметник, верувам во чуда! Се изнасмеа толку гласно што мислам дека цел Загреб дозна дека се смее.
Таа вечер ми зборуваше за сонот кој го храни. Ми зборуваше за преполната сала со аплаузот на крајот од вечерта, ми го објаснуваше толку детално тој сон, таа желба што просто мислам дека ја доживеав. Ја претвори панорамата на градот во своја концертна арена, на местото на високите кули ги гледав неговите инструменти, го замени безличниот звук на Загреб со ноти на неговата душа. Никогаш не ја наполни таа арена, другару... жалам.
Јаков беше во право. Јас ја доживеав својата.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment